ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

До основните јавни обвинителства пристигнале мал број пријави за изборни нерегуларности

October 31, 2021 21:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вториот круг од локалните избори до Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела при изборниот процес при Јавното обвинителство и до обвинителствата пристигнале релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес, изјави претседателот на Комисијата, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, додавајќи дека по сите пријави се оформени предмети и итно се постапува.

– На подрачјето на Основното јавно обвинителство Скопје оформен е предмет за настан пријавен на 30.10.2021 година во МВР до БЈБ ОКП Сектор за економски криминал и корупција како кривично дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Кривичниот законик во Општина Шуто Оризари. За настанот во текот на денешниот ден беше доставено писмено известување до ОЈО Скопје. Јавниот обвинител, со цел да се утврдат фактите, го испита подносителот на пријавата во својство на сведок и издаде Наредба до БЈБ ОКП Сектор за економски криминал и корупција, како подносител на известувањето со насоки за обезбедување материјални докази. Предистражната постапка трае до обезбедување на доказите, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, рече Бајрами.

Тој уште додаде дека ОЈО Кочани постапува по повеќе пријави од две политички партии дека различни лица вршат притисоци, влијание и агитирање врз гласачи како да се изјаснат.

– За сите поднесени пријави оформени се предмети и дадени се наредби и насоки до ОВР Кочани за проверка на наводите. Доколку бидат обезбедени докази за кривично дело, Обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, посочи Бајрами.

Исто така денеска во ОЈО Делчево е примена една кривична пријава против едно лице за кривично дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Кривичниот законик, по која е оформен предмет. Станува збор за настанот за кој веќе известивме со наводи за поткуп во Македонска Каменица. Во предметот се постапува во предистражна постапка.

– Во Основно јавно обивнителство Радовиш добиено е усно известување во текот на денешниот ден дека едно лице кое требало да е во изолација поради контакт со позитивно лице од КОВИД-19, излегло на гласање. Дадени се насоки за проверување на наводите. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кичево бил известен дека гласач на едно гласачко место го фотографирал ливчето, додека на друго гласачко место еден гласач искинал гласачко ливче. Се постапува за утврдување на фактите, изјави Вајрами.

До Комисијата, преку електронската адреса во текот на вчерашниот ден пристигна една пријава од невладина организација, која се однесува на притисоци и закани упатени кон набљудувачи на изборите искажани преку коментари на социјална мрежа. Комисијата ги проверува наводите.

– Јавното обвинителство продолжува да го следи изборниот процес во целост и ќе постапува по сите сомненија за евентуално сторени кривични дела поврзани со локалните избори. Се уште останува активна и нашата електронска адреса izbori@jorm.mk, каде граѓаните можат да ги пријавуваат сите сомненија за кривични дела поврзани со изборите“, додаде Бајрами.​

Next Post

Спасовски: Важно обележје на овие избори е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со полицијата

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk