РИБАРО
Изворите на АХА пред белата палата јавуваат за големо славење. В-М-Р-О ДПМНЕ, ДПМНЕ, ДПМНЕ, В-М-Р-О… ечело цело Скопје додека Мицкоски од неговиот кабинет ги правел последните подготовки за враќање на неговиот ментор и духовен татко од Будумпешта.
Мицко: Шефе, кога ти велев пакувај куферите, ти мене не ме земаше за сериозно. Ти текнува што ми велеше: „Полека Мицко, знаеш ли кое зло и направивме на државата, па тоа слепци сите до еден да се недугави, нема да заборават толку брзо. Има да си подремиме во опозиција уште два мандати најмалку вакви какви што сме“. Е, ама видиш ко ти велеше Мицко твој дека ќе излезе дека се со краток памет ти си немаше верба во народот твој. Јасно е шефе- народот одлучи дека пак те сака тебе. Нема бегање од тоа, судбина ни си.
Грујо: Не ми продавај ум бе нетуку се возвишувај. Ако не беше парана што ја исфрливме одавде за кампањата, за поткупување багра, за плаќање медиуми, курац шо ќе имаше ваков резултат, не туку се прави многу арен. Туку кажи планираш ли пречек да ми направиш, како шо доликува со адети и чуда, или?
Мицко: Секако! Веќе сме во завршна фаза на припремите. Перо Камиказа секако ќе се грижи за озвучување, осветлување и слични ствари толку бар му дужиме за ова шо го напрај со Димче. Ќе Ви пее на уво најголемата рок ѕвезда на овие избори лично и персонално, тоа е веќе апсолвирано. Данела ќе има задача да зборува со него, а таа ќе биде и првата што ќе те пречека со лепче и солца по сите адети како што треба. Морам да ти речам, за неа имаше нос, алал да ти е, ќе ти сум бескрајно благодарен. Се мислев и Стевче муња да го качиме на сцена да разлее: Неможе нам нико ништа, јачи смо од судбине. Па мислевме сето тоа Жугичка да го води.
Грујо: А бе види, Жугичка ти е излитена ствар, а и за рокеров не сум ти баш сигурен, нему лично сум му згрешил. Имај ги ти Панчо-манчо, онај глумац стендапот како го викаа шо го турија комуњариве за директор, па промешај нешто со спорт, овој го сакам градоначалникот на олимпиецот трењерот што скандираше „Клети шиптари“, а може и Борко, мада тој е веќе…
Мицко: Ма што си му згрешил лично на рокерот, хахахах. Па по лично од тоа на сите поединечно колку им имаше згрешено во држаавва, па пак ни простија хахаха… А, бе уживај шефе остави на мене ич да не се секираш. Пакуј сега за вистински куферите.
Грујо: Мицко, види, пази само да не ми ја направиш вмровската, оти историски гледано нож во грб… и како рече бате Саше, каменот од блиски доаѓа.
Мицко: А? Таман работа шефе, што ти паѓа на памет.
Го затворил Мицко телефонот и останал во мала но значајна недоумица.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK