ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Коалициските партнери не се согласуваат со оставката на Заев , САД ќе продолжи да соработува со Владата на патот кон ЕУ

November 1, 2021 21:48
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалициските партнери не се согласуваат со оставката на Заев – Заев не отстапува од одлуката,САД со поддршка за Владата, разни реакции на печатот по оставката на премиерот Заев. Заминувањето на Заев значи крај на една кратка ера на политички прогрес на Западен Балкан. Обновата на автократијата ќе ги обнови конфликтите, пишува на Твитер, Јасмин Мујановиќ, автор на „Глад и бес: Кризата на демократијата на Балканот“.

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Прасето пред Божик не се згои – Македонија е во политичка криза! За поразот, несомнено, е најодговорен Зоран Заев. Но, тој и кога губи, како и кога победуваше, одржа „премиерна“ национална лекција што ќе се памти: ја честиташе победата на противниците, а потоа без траги на нерешителност, си поднесе оставка и од премиерската и од партиската претседателска функција – нешто што во демократска Македонија до сега не е забележано, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.

Честитки до новата градоначалничка на Скопје и да ги исполни сите ветувања. Во првите 82 дена го очекуваме ветеното чистење на сите диви депонии, потоа нивно претворање во паркови и претворање на „Вардариште“ во зелена зона со спортско-рекреативни терени. До крајот на мандатот (пардон, до половина на мандатот, оти Скопје нема време за чекање) очекуваме: гасификација за сите домаќинства, нов објект за скопски саем, најдобар луна парк на Балканот, жичница од Скопје до Средно Водно…., изградба на нова гимназија во Аеродром  пишува Сашо Трајановски.

Нож во грб. Од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов се одржува 26-та конференција на ОН за климатски промени „COP 26“.

Tjeerd Royaards

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ЕКОНОМИЈА

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи пред денешната средба на коалициските партнери на СДСМ во Влада, по вчера најавената оставка на премиерот Заев Заев, изјави дека неговата партија останува дел од владејачката коалиција и не гледа никаква причина нешто драматично да се случи.

Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево, пред средбата на коалициските партнери со премиерот во оставка Зоран Заев, изјави дека не треба да има предвремени парламентарни избори, туку дека актуелната Влада треба да продолжи со работа.

За париски „Ле Монд“, оставката следува откако левичарската партија СДСМ го загуби главниот град Скопје и повеќето поголеми градови во земјата. Но, притоа парискиот угледен весник додава дека премиерот во оставка Заев, одбива да организира предвремени парламентарни избори. -Јас донесов слобода и демократија, а демократијата подразбира преземање одговорност, ја пренесуваат „Ле Фигаро“, „Ле Поант“ другиот дел од изјавата на Заев, кој исто така, поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната јавна седница поради непостапување по член 35 и не можност да достави документ до еден пратеник во Собранието одлучи да го запре предметот што го имаше отворено по сопствена иницијатива и да го достави до прекршочна комисија.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, официјално не е информиран за оставката на премиерот Зоран Заев, што повлекува оставка на цела Влада. Оттаму посочуваат дека кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите кои што имаат мнозинство во Собранието.

Оставката на премиерот Зоран Заев повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но останува да ја врши должноста до изборот на новиот владин состав. Во член 93 од Уставот се наведува дека „оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.

Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, што се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.

Аријанит Хоџа од БЕСА по средбата изјави дека не навлегле во темата за евентуален нов мандатар или за нов состав на Владата, а откако Заев бил дециден дека останува на оставката, тие побарале да се даде простор за колку време тоа би се извршило, за да не се направи погрешен чекор што би водел во предвремени избори за што сите се согласиле дека не е момент

Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев, изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот. САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на барањето да ја искоментира оставката на премиерот Зоран Заев по вчерашните локални избори.

Фото: МИА

ЗЕЛЕНА

Младинските активисти предводени од Грета Тунберг преку Avaaz.org испратија апел до граѓаните ширум светот пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) во Глазгов. Човештвото не успева да ја сопре климатската криза, е критиката од Грета, која ја упати до владите ширум светот заедно со Ванеса Накате од Уганда, Доминика Ласота од Полска и Мици Тан од Филипините, како претставници на младите климатски активисти.

 

В.К

Next Post

Стејт департмент: Ги следиме случувањата во Северна Македонија, соработката со Владата продолжува 

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk