Опозициските партии вечерва формираа ново мнозинство во Собранието на Северна Македонија. На средбата што вечерва се одржа меѓу Зиадин Села, Африм Гаши, Аријанит Хоџа, Христијан Мицкоски и контроверзниот Димитар Апасиев, тие потврдија ново мнозинство во Собранието – пренесува Илириа Њуз.
Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на Аријанит Хоџа од пред извесно време. Тој вечерва целосно го промени својот став и ставот на неговата партија, за да склучи пакт со антиалбанскиот и антиамериканскиот Димитар Апасиев.
„Во ново парламентарно мнозинство со гласови кои зависат од партија како што е Левица, која во својата програма има изразити антиамерикански и антиалбански пристап, не можеме да влеземе да разговараме и не можеме да дозволиме една таква влада да зависи од политичка партија која е деструктивна и знаеме во која насока ќе ја води државата“, потенцираше пред извесно време Аријанит Хоџа.