ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Јубелејни три години бегство за Груевски, Летен самрак, Голем хаос во партиската канцеларија на Левица

November 9, 2021 20:48
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со ултиматуми не се бара оставка, пишува Ерол Ризаов за Дојче веле, Груевски има јубилеј, три години во бегство. Во Обвинителството, истрагата за бегството на Груевски е сѐ уште отворена. Се чека тој да се врати во земјава – ако наскоро не се пресели во Истанбул, на пример – за лично да ја затвори, пишува Сашо Орданоски.  ИО и ЦО на СДСМ вечерва ќе расправаат за актуелностите.

 

ПОЛИТИКА

Тешките задачи пред Зоран Заев. Во политиката, Заев покажа ретка способност да ја сослуша другата страна, да влезе во чевлите на противникот. Тој им прости и на оние што сакаа да го убијат на 27 април 2017 година. Од него сега се очекува да ги разбере и оние што не му ја прифаќаат оставката. Бројни македонски и европски политичари и лидери јавно го повикуваат да продолжи со својата работа. Треба да ги сослуша. На крајот на краиштата, не го бараат за да му сервираат лесен и вкусен оброк, туку тешки задачи, пишува Џабир Дерала.

Џабир Дерала

Три години од бегството на Груевски…Во Обвинителството, истрагата за бегството на Груевски е сѐ уште отворена. Се чека тој да се врати во земјава – ако наскоро не се пресели во Истанбул, на пример – за лично да ја затвори. Овдешните магариња – и-ааа, и-ааа, и-ааа, ова е мојата магарешка ономатопеа – се на пат да пцовисаат до таа зелена трева, пишува Сашо Орданоски.

Ризаов за ДВ – Со ултиматуми не се бара оставка. Дали ветената оставка на премиерот Заев станува беспредметна по поднесеното барање на опозицијата за изгласување (не)доверба на владата? Што ако тој ја повлече оставката и мнозинството изгласа доверба?- пишува Ерол Ризаов.

Хронологија на едно „скафандер“ лицемерие. Не помина многу време а Мицевски се најде во иста ситуација. Тој и неговата сопартијка и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова се позитивни на ковид-19, а најавија дека ќе гласаат за (не)доверба на владата, со скафадери. Мицевски се повика на протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применет во Собранието.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе расправаат за актуелните политички случувања. Најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата, се очекува да бидат теми на вечерашните состаноци на највисоките тела на владејачкиот СДСМ.

АХА !

– Со скафандериве шо ќе праиме. Со скафандериве шо ќе праам, аааааа…?! Голема ѓурултија се случувало во партиската канцеларија на Левица. Димче Апасиев, како што јавуваат за АХА партиски извори, имал една од многуте епизоди со самиот себе. – Како само сам се зајебо. Се слушаш ли некогаш што зборуваш бе?!, си се карал Димче со својот одраз во огледалото.

Фотомонтажа: РИБАРО

 

ПАНДЕМИЈА

Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба. Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири. Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.

Владата на САД денеска најави нови 2,7 милиони долари помош за земјата за борба против Ковид-19, преку УСАИД, кои ќе се надоврзат на неодамнешната донација во опрема и потрошни материјали во вредност од 400 илјади долари наменета за Северна Македонија за истата цел. Со ова, од почетокот на пандемијата, вкупната помош од САД за Северна Македонија за справување со Ковид-19 надминува 9,2 милиони долари, информора УСАИД.

ПОЕЗИЈА

Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Роден е 1934 година во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Влада Урошевиќ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk