– Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност!, во објава на Фејсбук напиша директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Кривопаланчанката Мери Акиевска од Магнус фитнес центар, Скопје се искачи на Светскиот пиедестал во категорија Велнес фитнес освојувајќи златни медали во јуниорска и сениорска конкуренција како и две апсолутни титули во двете конкуренции, на 75-то Светското фитнес и бодибилдинг првенство за мажи и жени во Шпанија што се одржа од трети до осми ноември.
– Оваа девојка од Крива Паланка стана светска јуниорска велнес шампионка, апсолутна шампионка во јуниорска конкуренција, светска сениорска велнес шампионка и апсолутна шампионка во сениорска конкуренција, истакнува Мојсовски
Тој потенцира дека Агенција за млади и спорт и натаму продолжува со безрезервна поддршка на Акиевска.
J. Ѓ.










