РИБАРО
Откако Мицкоски, Касами, Апасиев, Села, Таравари и други се избрукаа во обидот да ја урнат владата на Заев, после два дена, како што јавуваат изворите на АХА од седиштето на БЕСА, следел телефонски разговор помеѓу Мицкоски и Касами. Ви ги пренесуваме најинтересните моменти:
Мицко: Биљал, добро бе како можеше да заебиш работа со Кастриот Реџепи, нели под контрола ти беа сите?
Касами: Па ми беа, ама како почна со оној Скендер Реџепи, па списокот, па Левица му сметала, па откако подмачкавме као се премисли, па трагикомедии, почна да оди низбрдо колата. Се свестија некои дека тенка е работава.
А ти, како можеше да измислиш и да ја спинуваш низ медиуми фората со киднапирањето, па сега сите да ми се смеат кога го исклучувам од партија?
Мицко: Е, ако де, шо?
Касами: Како ако бе Мицко? Прво изигрувам загрижен за Кастриот, уште солза што не проронив. По неколку часа кога се појавува дека е здрав-жив и засолнет на сигурно, излегувам и си мавам шамар – велам дека е предавник и го бркам од партијата. Се брукам во живо на јавна сцена. Арно што уште на никој не му текна да ме праша, па кога бил киднапиран, што го бркаш од патија?
А ни овие твоиве што му се запнаа на Реџепи со киднапирањето, па како, што, ме дозакопаа скроз во срамот. Овој излегува на прес, одговара на сите прашања и образложува дека е негова лична одлука, овие киднапирен беше. Потоа гостува во емисии… ваму јас – киднапиран бил не сака да признае.
Мицко: Па кажувај нелојален, предавник, направи се арен, нешто мумлај – ДУИ да падне, шо знам нешто во тој фазон.
Касами: Како тој нелојален шо излегол од списокот и се охрабрил да не гласа, а јас многу арен? Шо арен бе Мицко? Јас сум ти бил во коалиција со Заев. Тој ми даде пратеници во Парламент да имам кога немаше абер сами да освоиме ни едно пратеничко место. А сега, му зарив нож во грб одвнатре, брутовски шо би рекле, а ваму барам „доследност“ од мој пратеник кој си останал на зборот само за да задоволам себични апетити. Така ДУИ не се урива, ама сега дури ми текна откако се дадов под кирија кај тебе и кај Димче.
Уривајќи го така ДУИ, се урнав себеси. Сум се врзал со тебе и со оној несреќник од Левица, еј, не ми се верува, па ДУИ сакам да го симнам од власт?! А бе, каде ми беше паметот? Како само се заебав уште првиот ден ко ти ветив ако ме поддржиш во Тетово дека ќе ја урнам владата, ама сам сум си виновен.
Мицко: Јебига Биљал, си го смести газето во градоначалничка фотеља, сега нека му ја мислат твоиве. А мене не ми е прв пат да заебам работа, сум се навикнал да ми се смеат.
Касами: А со Гаши што ќе правиме, ако ја однесе Алтернатива во влада со Заев? И него ли киднапиран ќе го пријавиме?
Мицко: Она со хируршкион зафат, кажи како сум го изведил, а?
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK