ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Нора Шаќири разрешена од директорската функција на „Театар Kомедија“

Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34, став 1, алинеа 3, од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место.

November 24, 2021 13:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од функција в.д. директорка на „Театар комедија“, потврдиле  од Министерството за култура за МКД.мк. Одлуката за нејзино разрешување ја донесе министерката за култура Ирена Стефоска по добиениот извештај од Државниот инспекторат за труд.

„Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34, став 1, алинеа 3, од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес“, се вели во одговорот за МКД.мк од Министерството за култура.

Фронтлајн вчера доби одговор од Министерството за култура кое потврди дека имало претставка за вд. директорката на НУ Театар Комедија, Нора Шакири Марковиќ за вршење мобинг кон вработен во институцијата.

Редакцијата на Фронтлајн испрати прашање до Театар Комедија кое гласеше.

„Наши извори од инспекциските органи ја известија Редакцијата дека во Театар Комедија има вонредна инспекција. Изворите ја информираат Редакцијата за пријави за мобинг. Ве молиме за изјава во врска со овие информации“, но оттаму не добивме одговор.

Како што претходно објави Фронтлајн, дознавајќи од свои извори, минатата недела во театарот влегла вонредна инспекциска контрола по пријава, поради мобинг и вонемирување на вработени од страна на Шаќири.

Фронтлајн доби долг одговор и од Државниот инспекторат за труд во кој се вели:

„Со цел проверување на наводите во претставката, државен инспектор за труд на ден 16.11.2021 година изврши вонреден инспекциски надзор кај субјектот на надзор Национална установа Театар Комедија – Скопје и на записник констатираше наоди за утврдена фактичка состојба. Имено, при надзорот се констатираше дека В.Д Директорката на НУ Театар Комедија – Скопје против две лица вработени во институцијата водела дисциплинска постапка во време на изборен процес.

При извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на инспекторот за труд е констатирано дека дисциплинските постапки против работниците се конечни, при што инспекторот за труд не може да изрече инспекциска мерка, а врз основа на член 22 и 23 од Законот за спречување на
корупција и судирот на интереси ( Сл.весник на РСМ бр.12/2019), предметот е препратен до Државната комисија за спречување на корупција, на натамошно постапување со цел да утврди дали дисциплинските постапки започнати и завршени во време на изборен процес се спроведени согласно закон.

Исто така при извршениот надзор се констатираше дека работодавачот, дел од вработените ги има запознато со мерките и постапката во врска со заштита од вознемирување на работно место и со правата, обврските и одговорностите на работодавачот и работникот при самото вработување и во текот на работењето, а дел од вработените ги нема запознаено, што е спротивно на член 11 од од Законот за заштита од вознемирување на работното место.

За оваа констатирана неправилност во работењето, инспекторот за труд донесе решение – опомена по член 258 од Законот за работните односи, со кое се опоменуваодговорното лице кај работодавачот НУ Театар Комедија – Скопје, да ги отстрани неправилностите и недостатоците утврдени во записникот ИП1 бр.0907-1259 од 16.11.2021 година, така што оној дел од вработените кои не се запознаени со мерките и постапката во врска со заштита од вознемирување на работно место и со правата, обврските и одговорностите на работодавачот и работникот при самото вработување и во текот на работењето, истите да бидат запознаени согласно член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место.

За новa в.д. директорка на НУ „Театар комедија“ е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот, информираат од Министерството за култура.

Next Post

Општина Чаир средствата предвидени за новогодишно украсување ќе ги додели на семејствата на жртвите во автобуската несреќа

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk