ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

(ВИДЕО) Д-р Мехмедовиќ: Омикрон манифестира лесна форма на ковид-19, но ги зафаќа помладите и тоа загрижува

November 29, 2021 12:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Facebook

Facebook

Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште е рано да се каже дали треба да стравуваме од новиот сој на коронавирус омикрон, но само два дена откако на 24 ноември беше детектиран, веќе во светот се преземаат мерки за да се успори неговото ширење. Сепак, не е решение да се затворат границите за влез на патници од земјите каде што беше детектиран вирусот. Треба да се размислува за задолжителен карантин на овие патници и тестирање за да се потврди евентуално присуство на вирусот, рече денеска во Утрински брифинг, доктор Злате Мехмедовиќ, специјалист по медицина на труд.

– Гледаме дека веќе и во поголем број од европските земји има регистриран случај на омикрон. Не е прашање дали ќе можеме да ја спречиме новата варијанта на коронавирус, туку кога ќе пристигне и кај нас. Веројатно ќе треба да се фокусираме на тоа, да го убллажиме процесот на внесување на варијантата и нејзината трансмисија помеѓу популацијата.

Забраната за влез на граѓани од земјите во кои е детектиран вирусот, е многу ригорозна мерка, тоа во светот освен Израел, не го прави никој друг.  Меѓутоа треба да бидат строги контролите при влез и да се воведе задолжителен карантин.

ПЦР тестовите треба да бидат задолжителни и да се повторуваат, што значи ако тестот бил негативен на влез во земјата, истиот треба да е повтори после три дена, вели д-р Мехмедовиќ.

Тој вели дека е премногу рано за да се зборува за симптомите.

– Од искуствата на лекарите кои работат во Боцвана и Мозамбик станува збор за лесна симптоматологија која е поврзана со главоболка, премореност и болки во мускулите. Од друга страна, докторите кои работат во интензивните одделенија во Јужна Африка предупредуваат на тоа дека многу млади се во средно тешка или тешка клиничка форма на болеста. Два аспекти треба да земеме во предвид, има лесна форма на болеста, но границата на заболени се спушта се пониско и ги зафаќа помладите, предупредува д-р Мехмедовиќ

– Вакцинираните и прележаните граѓани имаат на некој начин подготовка и за новиот сој на ковид. Но, информациите од Јужна Африка говорат дека половина од детектирани случаи се невакцинирани, што значи дека другата половина биле вакцинирани, но сепак не останале имуни на Омикрон. „Фајзер“ и „Модерна“ најавија дека работат на создавање на бустер доза која ќе биде адаптирана за новата варијанта, но додека да ја добиеме таа бустер доза може да поминат и неколку месеци, а тоа е период кој е многу важен за тоа како ќе се шири новиот сој и тоа не само кај нас, туку и во светот. Со оглед на тоа дека се работи на варијанта со 50 мутации, што досега не е случено, треба сериозно да го следиме процесот на ширење, објаснува д-р Мехмедовиќ.

Next Post

Градоначалникот на Берово очекува поддршка за именување на улица „Жан Кофол” во чест на загинатиот пожарникар

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk