ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Регионална директорка на УНФПА: Финансиските стимулации за раѓање деца не се доволни

December 3, 2021 13:36
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Европското население брзо старее, а финансиските мерки за поттикнување на раѓање деца не ги даваат очекуваните резултати, нагласи регионалната директорка на Фондот за население на ОН (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија, Алана Армитаж, додавајќи дека на демографски промени треба да се одговори со сеопфатни политики што се занимаваат со социјални, економски, политички фактори.

„Европа е во сред демографска транзиција со далекусежни последици“, рече Армитаж, истакнувајќи дека промените не треба да се гледаат како криза, туку како „можност да се изгради поинклузивно, разновидно и, на крајот, посилно и попросперитетно општества“.

Во авторски текст објавен на веб-страницата на регионалната канцеларија на УНФПА, Армитаж наведува дека денес секој четврти Европеец е постар од 60 години и дека до 2050 година повеќе од една третина од европската популација ќе биде во таа возрасна група.

„Некои популации почнаа да се намалуваат. Ова најмногу се случува во Централна и Источна Европа, каде стапките на фертилитет се особено ниски, многумина ја напуштаат земјата поради работа, а владите не можат или не сакаат да привлечат мигранти“, рече Армитаж.

Иако овие демографски промени често се претставени како криза, Армитаж наведува дека основните фактори кои ги поттикнуваат на многу начини се „причини за славење“.

„Населението старее бидејќи луѓето се поздрави и живеат подолго. Стапките на плодност се пониски бидејќи, меѓу другото, жените имаат повеќе гласачки права, повеќе избори и можности. Населението се намалува на некои места бидејќи луѓето имаат поголема слобода да избираат каде ќе сакаат да живеат и да работат“.

Сепак, додаде таа, справувањето со последиците од демографските промени не е лесно.

Се помалку и помалку работоспособни луѓе треба да се обезбедат од се повеќе постари луѓе, социјалните системи се под огромен притисок, а одржувањето на инфраструктурата и услугите во ретко населените рурални области станува скапо. Потребни се решенија за овие предизвици, наведува Армитаж, додавајќи дека постои се поголем консензус за тоа што функционира во справувањето со последиците од демографските промени, а што не.

„Најголемиот фокус, особено во Источна Европа, е на зголемување на стапката на фертилитет, а владите се обидуваат да ги охрабрат луѓето да имаат повеќе деца со финансиски стимулации. Доказите што ги имаме сугерираат дека тоа не функционира многу добро“.

Таквите мерки може привремено да доведат до зголемување на наталитетот, но бројот на деца што ги раѓаат жените „едвај се менува“, а и таму каде што се зголемува стапката на фертилитет, промената е мала.

„Ниту една земја во Европа, дури ни оние кои трошат најголем процент од БДП за семејна поддршка, не се ни блиску до стапката што би обезбедила стабилизација на населението, а камоли негов раст“.

Таа посочи дека тоа не значи дека поддршката за семејствата не е добра, туку, напротив, од суштинско значење се паметните мерки кои им олеснуваат на младите да основаат семејство за да им овозможат да имаат деца колку што сакаат.

Ова бара да се отстранат многу од пречките со кои се соочуваат луѓето кога одлучуваат дали да имаат деца, рече Армитаж, наведувајќи ја економската несигурност, високите цени на становите, неплодноста, недостатокот на прифатлива грижа за децата и очекувањата од жените да ги жртвуваат своите кариери.

„Она што функционира во справувањето со демографските промени е да се состави сеопфатен пакет на политики насочени кон луѓето и базирани на докази кои се однесуваат на многуте социјални, економски, политички и културни фактори кои влијаат на одлуките и изборот на луѓето за нивните животи и иднина“.

Ако се направи правилно, додаде таа, демографските промени би можеле да отворат можности за иновации кои ќе овозможат попросперитетна иднина. / МИА/

Next Post

Останките на загинатите во автобуската несреќа по десет дена пренесени во земјава

Shortcut

Најново

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk