ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Донесени повеќе одлуки и заклучоци за договорите и меморандумите што ќе бидат потпишани на претстојната сесија на „Отворен Балкан“ во Тирана

December 17, 2021 15:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на денешната 128 седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на договорите и меморандумите што треба да бидат потпишани на претстојната сесија на иницијативата „Отворен Балкан“ којашто е предвидено да се одржи на 22 декември во Тирана, а коишто се  однесуваат на остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во Северна Македонија, Албанија и Србија, како и на соработката на царинските и фитосанитарните управи на овие земји.

На денешната седница на Владата е утврден текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се врши усогласување на законски одредби од законот со најдобрите даночни трендови од аспект на оданочување на меѓуграничниот промет на услугите како и спроведување на програмата на Владата.

Имено, со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се врши доуредување на одредбите кои го дефинираат местото на прометот на услуги, се воведува терминот даночен застапник со цел странските лица кои вршат промет на добра и услуги во нашата земја да можат да го пресметаат и платат данокот на додадена вредност на даночниот орган, со цел ефикасна примена на придобивките од заеднички царински контроли.

На оваа седница на Владата е разгледана информацијата и е утврден текстот на Спогодбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Претседателот на Владата на Република Албанија и Претседателот на Република Србија за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Со донесување на оваа спогодба за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика ќе се уредат формално-правните аспекти на ова прашање, и ќе се олесни  трговијата со живи животни, храна и добиточна храна од животинско, неживотинско и мешано потекло, растенија, растителни производи и други објекти и предмети.

Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за усогласениот текст на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

Според оваа спогодба, воспоставувањето на соработка, заснована врз заеднички стандарди и взаемно признавање на резултатите од спроведените контроли, ќе претставува средство за олеснување на легалната трговија и ефикасно спречување на недозволената трговија и царинските неправилности во државите потписнички на Спогодбата, но и пошироко.

Преку спогодбата се добиваат повеќе придобивки како што се: полесен пристап до  поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности.

Сето ова треба да придонесе за: намалување на времето на спроведување на царинските постапки  за стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на националниот, регионалните и европските пазари. На тој начин се зголемува нивниот деловен углед, како и нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети.

Целта на взаемното признавање на статусот ОЕО, по спроведени верификациони мисии, значи дека Царинската управа на една земја ги признава резултатите од проверката на автентичноста и одобрување на статусот ОЕО издаден од царината на другата земја.

 

Next Post

МАЛМЕД и Фајзер, со одобрение на ЕМА го продолжија рокот на вакцините Фајзер

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk