ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почина актерот Трајче Иваноски – доајен на прилепскиот театар

December 19, 2021 14:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 76 годишна возраст почина актерот Трајче Иваноски, доајен на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Комеморација по повод смртта на актерот Иваноски ќе се одржи утре во 11.30 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“.

Иваноски е актер кој спаѓа во најангажираните творци на прилепскиот театар. Заиграл во далечната 1965 година на сцената на прилепскиот театар а во пензија заминува во 2007 година. Со оглед дека и за пензионерските денови активно учествува во тековниот репертоар на театарот, Иваноски бележи 40-есет годишно активно искуство на сцената со приближно одиграни 300 претстави. Како што ќе запишат критичарите во неговиот богат и плоден театарски опус влегуваат поголем број на сложени и стожерни (главни) актерски ролји реализирани во дела како од домашниот репертоар, светска драмска класика, така и од современата драматургија. Бројката на неговите главни ролји е голема а за дел од нив има добиено и престижни награди. Негови драги, главни и забележани ролји се:

Ликот на Протасов во пиесата „Деца на сонцето“ Креонт во „Антигона„ Агатон во „Нажалена фамилија“ Аџи Трајко во „Бегалка“ Горчин во „Скок преку кожа“ потоа Златан во „Робот и Агата“ Евросим во „Црноборје“ Шандебиз во „Мушички во главата“ Борис поп Стафанов во „Мацедонише Цуштенде“од Јордан Плевнеш, Букара во „Хамлет од Мрдуша“, Големанов во истоимената претставата „Големанов“. Неговата драга улога на Аџи Јанкула во комедијата „Солунски патрдии“ на Миле Попоски. Рампо Рајатоски во претставата „Не сега драга најдобро е поладне“ а со оваа улога влегол како гостин актер во драмски театар во истоимената претстава. Гостин актер бил и во битолскиот народен театар. Потоа улогата на професор Павлович во „Собирен центар“ , Киро во претставата „Полковникот птица“…

Како куриозитет може да се забележи дека во првата претстава со која за првпат е отворена сцената на домот на културата „Марко Цепенков“ е со претставата „Коштана“ во режија на Петре Прличко. Во оваа претстава Прличко ја толкувал и главната улога на ликот Митке, а како алтернација со Петре Прличко, Трајче Иваноски ја толкува истата улога.

Ова е мал дел на улоги а останати улоги ги има остварено во претставите „Манги пијат чај“ „Туѓо сакаме свое не даваме“, „Колобан„, „Аресниј“, „Силјан штркот“, „Спиро Црне“ „Опера за три гроша“ „Молам за секс“ , „Антица“,„Светилникот“, „Рибарски караници“ претставата „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски која што воедно е и претстава за одење во пензија достигнува над сто изведби гледаност. Со претставата, дуодрамата, „Залив“ од Ги Фоази во режија на Коле Ангеливски, Иваноски прославува 30 години работа на сцена.

Играше до последно, до пред извесен период, во претставите „Лажговци“, „Глембаеви“ , во приватниот театарски проект дуодрамата „Мендо и Мајло“.

Учествувал и играл во голем број на ТВ драми, ТВ серии меѓу кои е детската серија„ Втора смена“ „Волшебното самарче“,„Итар Пејо“ како и ТВ серијата „Солунски патрдии“ но и повеќе радио-драмски остварувања. Посебно го негува рецитирањето со кое што настапува на многубројни градски и републички манифестции.

Награди и признанија:

-Прва награда на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за млад актер во улогата на Златан во претставата „Робот и Агата..

-За најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата „Скок преку кожа„ во режија на Бранко Гапо на татарскиот фестивал Војдан Чернодрински-Прилеп

-Главна машка улога за ликот Протасов во претставата „Деца на сонцето“ во режија на Илија Милчин на фестивалот Војдан Чернодриснки -Прилеп

За Креонт во „Антогона“ во режија на Благоја Дамски на фестивалот „Војдан Чернодрински „.

– Во 2003 год на меѓународниот фестивал на комедија во Корча,Р. Албанија ја добива главната награда за најдобро актерско остварување за улогата на професор Павлович во претставата „Собирен Центар“ .

– Во 2016 год повторно на фестивалот во Корча добива нарадата за монодрамата „Јас Илија Шаторот“.

– Во 2011 година ја добива наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“-Прилеп .

Добитник е и на наградата 3- Ноември што ја доделува Собранието на град Прилеп.

Критика:

(Цит:) „Како искусен актер Трајче Иваноски се притајува во одделни сцени за да блесне одеднаш во фуриозно темпо и гест искажувајќи ги длабоките потреси кои се случуваат во неговата душа при што измамува аплауз на отворена сцена …го одигрува со актерска виртуозност и решиси беспрекорно“ за претставата „Залив“ од Тодор Кузманов објавено во неговата книга Театарски минијатури.

– Скоро сите ликови во претставата „Скок преку кожа“се остварени со автентичност, силна животна сугстивност,артистичка креативност која воодушевува. Такво е остварувањето на Трајче Иваноски во ликот на Горчин …“ќе напише Петре Бакески далечната 1981 во „Вечер“по повод премиераа „Скок преку кожа“…Итн

-„Остварувањето на Трајче Иваноски во претставата „Залив“ влегува во редот на неговите најуспешни актерски дострели заедно со оние во „Робот и агата“ „Деца на сонцето“, „Скок преку кожа“ (ќе напише Иван Иваноски- театарски критичар во „Пулс“ 23.03.1996)

 

Next Post

Наумоски најавува тужба за клевета против градоначалничката Арсовска

Shortcut

Најново

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk