Во дербито од 18. коло на италијанското првенство, фудбалерите на Наполи го совладаа Милан на „Сан Сиро“ со резултат 0:1, со што ја прекинаа серијата од три меча без триумф.
Een vroege voorsprong voor Napoli! ?
Elmas knikt de corner binnen en Napoli leidt ?#ZiggoSport #SerieA #MilanNapoli pic.twitter.com/F6yoMhZvNJ— Ziggo Sport Voetbal (@ZS_Voetbal) December 19, 2021
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со глава во петтата минута им донесе три бода на гостите од Неапол. Пјотр Зиелински изведе корнер од десната страна, а Елмас се најде на вистинското место и му донесе голем триумф на својот тим со вториот овосезонски гол.
По три последователни порази, Наполи ја забележа 12-та сезонска победа и се израмни со Милан со 39 бодови на втората позиција. Водечкиот Интер кој е во серија од шест победи има 43 бода.
Во изедначениот дуел на „Сан Сиро“ двете екипи имаа само по два удари кон голот. „Росонерите“ во финишот ја погодија мрежата на гостите, но голот на Френк Каси беше поништен поради офсајд.
Наполи в среда ја пречекува Специја, а Милан гостува кај Емполи.