Регионот сака да биде едно. Отворен Балкан е најдобрата порака што регионот може да ја донесе. Отворен Балкан не само што промовира регионална соработка туку и остварува регионална соработка. Вашата регионална соработка е добра и за ЕУ и Западен Балкан, рече еврокомесарот Оливер Вархеји, во поздравно обраќање на смитот „Отворен Балкан“.
„Држете ги вратите на оваа иницијатива отворени. Ги поканувам останатите три земји (Црна Гора, БиХ и Косово). Ја поддржувам вашата иницијатива“, вели Вархеји.