По серијата напади од истиот портал без новинар, уредник и импресум, против одговорните лица за овие лаги ќе биде покрената тужба, доколку не се извинат во рок од 48 часа, напиша Радмила Шекеринска на Фејсбук, откако порталот mkdenes.mk објави текст којшто според минисерката е полн со лаги.
На 21 декемрви порталот објавил текст со наслов МЕГА СКАНДАЛ: Разоткриено „повлекувањето“ на Шеќеринска, жива фатена од НАТО во којшто се напишани „наводни причини“ за повлекувањето на Шекеринска од минстерската функција. Во текстот има информации за кои министерската за одбрана во заминување, тврди дека се апсолутно невистинити.