ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Најбизарни правила за употреба на сертификатите за вакцинација против Ковид-19

December 24, 2021 13:01
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Напорите во Европа да се промовира употребата на вакцини преку сертификати кои докажуваат имунизација, негативен резултат од ПЦР тест или докази за прележан коронавирус, наложија голем број правила. Ова се некои од најбизарните правила додека Европејците се подготвуваат за уште една сезона на зимски одмори засенета од заканата од пандемија:

Чешкo „традиционално колење свињи“

Сертификатите за вакцинација станаа задолжителни при посета на разни јавни настани низ Европа. Во Чешка, регулативата важи и за забавите за колење свињи, предбожиќна традиција во која месар доаѓа во домовите на луѓето за да обезбеди месо за празниците. Регулативата вели дека се потребни ковид-потврди за вакцинација за учество на овие „забави за колење свињи“ и дека на настаните, на кои обично присуствуваат само неколку членови на семејството, можат да присуствуваат до 1.000 луѓе.

Место за танцување во Англија

Во Англија веќе се бараат сертификати во ноќните клубови и пабови со подиум за танцување или „простор за танцување“. Сепак, условот за во угостителските објкти важи само од 01:00 часот, што значи дека посетителите можат да одат во клубовите пред ова време и нема да им се бара ковид-потврда. Сопствениците стравуваат дека по 01:00 часот ќе мора да бараат од персоналот да помине низ подиумот за да провери дали гостите поседуваат сертификат за вакцинација.

Заштитени парохии во Грција

Посетата на божиќните богослужби во грчките цркви стана нешто како главоболка. Во ноември, Владата нагласи дека невакцинираните луѓе мора да приложат негативен резултат од брз тест или доказ за вакцинација за да можат да одат в црква. Управното тело на Грчката православна црква, каде што многу свештеници изразија скептицизам во врска со вакцините, соопшти дека не може да ги проверува на влезовите на црквата.

Политика за вакцинација во Летонија

Во Летонија се суспендираат функционери доколку немаат сертификат за вакцина. Досега суспендирани се 19 општински советници низ државата. Според новите правила, нивните места времено се доделуваат на второпласираните на изборите, кои првично ги доведоа на власт. Суспендирана е и членката на националниот парламент, Јулија Степаненко, ко-основач на партијата Латвија на Прво место!

Сертификат на литвански бензински пумпи

Потребна е ковид-потврда за да се посети бензиска пумпа во Литванија. Претходно, правило беше дека луѓето без сертификат за вакцинација можат да влезат на бензинските пумпи, но само до 15 минути. Секој што не поседува, сепак може да плати за бензин за својот автомобил со кредитна картичка ама од надвор. На лицата кои не се сертифицирани во Литванија, исто така, не им е дозволено да посетуваат големи трговски центри, спортски сали или спа-центри. Не им е дозволено да влегуваат во ресторани, но можат да купат храна за дома или да користат седишта на отворено – неверојатна можност бидејќи температурите во главниот град Вилнус достигнуваат минус 10 степени Целзиусови.

извор: МИА

Next Post

МЗ: 67% од новите случаи и 85% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk