ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски за „црниот понеделник“ : Режим никогаш повеќе!

На 24 декември 2012 се случи еден од најголемите удари врз демократските вредности во Македонија. Пратениците од опозицијата (СДСМ) и новинарите беа насилно отстранети од седницата на Собранието на која се расправаше за буџетот за 2013 година.

December 24, 2021 09:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук, објавувајќи фотографија потсети на немилите кои се случија на 24 декември 2012 година, ден познат како „црн понеделник“.

-Да не се заборави и никогаш да не се повтори!Овој ден е потсетник на вистинското криминално и насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ. Режим никогаш повеќе!, напиша министерот.

На 24 декември 2012 пратениците од тогашната опозицијата (СДСМ) и новинарите беа насилно отстранети од седницата на Собранието на која се расправаше за буџетот за 2013 година.

Во собраниската сала влегоа голем број лица од собраниското обезбедување, но и полицајци во цивилна облека. Тие, еден по еден, насила ги исфрлија пратениците на опозицијата. Притоа, дел од пратениците беа повредени, а на интернет се појави снимка направена со мобилен телефон на една од пратеничките на опозицијата од која се виде што точно се случувало внатре.

Овие случувања предизвикаа политичка криза, за чие надминување беа инволвирани надворешни фактори и Европската Унија. Кризата заврши со мартовскиот договор со кој пратениците се договорија да се вратат во Собранието, да се формира Анкетна комисија за 24 декември, да се направи изборна реформа, да се подготват локалните избори и да се работи на слобода на медиумите и дијалогот со новинарите.

Случувањата во и пред Собранието беа документирани во посебен извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права уште на 7 февруари 2013 година. Анкетната комисија ја заврши својата работа кон крајот на август 2013 година, а нејзиниот краен извештај беше потпишан од страна на сите членови, вклучувајќи ги и оние од власта и од опозицијата.

И. З.

Next Post

СДСМ: Арсовска врши груба партизација на јавни институции, предлага лица од режимот на високи функции

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk