ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Владата избори минимално покачување на струјата и обезбеди помали сметки за најпогодените граѓани

January 3, 2022 20:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија има споредбено ниско покачување на цената на електричната енергија од само 9,48 отсто во Новата година, благодарение на заложбите на Владата. Колку за споредба, граѓаните на Турција во Новата година влегоа со ценовен шок и покачувања од 50 до 125 отсто на цените на електричната енергија.

Освен тоа, Владата грижејќи се и ова покачување да не предизвика криза во функционирањето на домаќинствата, обезбеди финансиска помош за најранливите категории на граѓани со ниски примања. Тие ќе добијат намалувања на сметките за електрична енергија во износ од 600 до 800 денари, во зависност од големината на домаќинството.

Со оваа мерка, Владата ќе помогне на околу 7500 домаќинства во следните 12 месеци, со цел полесно изборување со енергетската криза која ја зафати цела Европа.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа, за самец до минимална плата, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство до три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет члена или пак повеќе члена до 30.000 денари.

Оваа мерка ќе помогне за ублажување на трошоците во семејствата, иако благодарение на брзата реакција и мобилизирањето на домашните капацитети за производство на електрична енергија, земјава е со минимално покачување.

За да се избегнат ценовни, шокови, но и можни рестрикции во снабдувањето со струја, Владата ги активираше сите домашни капацитети за производство на електрична енергија.

По цели 12 години со работа почна ТЕЦ Неготино на 18 декември. Во моментов оваа електрана работи со половина капацитет, со цел прилагодување и стабилизирање на системот, додека кон средината на месецов се очекува да се вклучи и вториот котел.

Освен тоа, ќе се активира и третиот котел во РЕК Битола, а во функција е и ТЕЦ Осломеј со што ќе се обезбеди потребното количество на електрична енергија од домашните производствени капацитети.

Како што најави генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски  со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза без рестрикции, вложувајќи напори да се избегнат ситуациите кои веќе се случуваат во околните земји во однос на снабдувањето со електрична енергија.

Д. Е.

Next Post

Мексико е подготвено да му даде азил на Асанж

Најново

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk