пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Светската коалиција на безграничната, постмодерна, би рекол, љубов, измиксана со примитивност и ретардираност, го смести Нолета во притворскиот хотел во Мелбурн и, најверојатно, во понеделник ќе го качи на првиот авион за Белград. И самиот Ѓоковиќ, се разбира, кој бркајќи ги очекувањата на тој однос и од тој однос, упорно одеше во судир на својот формат и светоглед со стварноста на светот. Австралиските власти се извршители на тие налози, ништо повеќе.
Во финалето на оваа драма Ноле и неговата екипата мислеа дека дупките во австралиската регулатива се доволно големи за да можат да се протнат и дека ако не се, тие ќе ги прошират со величината на Ѓоковиќ, арно ама се заглавија како кучиња на тараба.
Тоа е.
Теориите на антиѓоковистичкиот или, уште повеќе, антисрпскиот заговор и ретардо перформансите на татко му во Белград, попрво го доближуваат Новака до крајот на кариерата отколку што му подготвуваат терен за евентуална победа во Мелбурн. Ширачите на теоријата според која на Ѓоковиќ му е ускратена австралиската виза за да го спречат како претставник на плебејскиот свет да ги надминува евроспките и светски тениски аристократи, шират особено глупава глупост затоа што немаат одговор на прашањето како „аристократите“ го пуштиле Ѓоковиќ да ги оствари сите тие подвизи, цели петшеснаесет или дваесет години, како не се сетиле да не го пуштат на некој турнир на почетокот, да го спречат, да го казнат, да го елиминираат итн.
Против властите, не на тениските терени, зашто веќе сега е јасно дека и да го пуштат да влезе во Австралија, Ѓоковиќ нема да игра на првиот гренд слем.
Пред некој ден, на својот фејсбук профил се обидов да ја доловам и глобалната димензија на оваа афера. Еве како одеше тој текст:
Ако не биде депортиран или пратен на издржување на казна затвор за измама и обид за незаконски влез во земјата, можеби на Тасманија, Ноле ќе го принуди светот да се збогува со идејата за вакцината, со науката, со нормалноста и модерноста, со животот, со себе (светот), со конците на кои светот игра по нотите на Господ кога не е по науката, смачкан во калта на ѓаволот и шејтанот, тоа е, драги мои, не можете да лебдите во просторот во кој сте се ослободиле од сите одговорности за неговото постоење и функционирање.
А да не одлетате по ѓаволите.
У пизду материну, што би рекол нашиот човек.
Сите инстанции ќе бидат соборени.
Ѓоковиќ и Австралија ќе ги соборат.
Како процес кој финиширал во поведението на еден голем шампион кој во нападите на идиотизам решил да се самоубие така што со себе ќе го повлече сиот свет.
Тој е за светот тоа што е вмро за Македонија.
Со таа разлика што Ѓоковиќ го држи рекетот в рака, а Мицко го држи во шупакот.
И игра.
Бекендот му е слаб, но во дробшотот и дробсармата е феноменален.
Вие не навивате за Ноле.
Вие навивате за сопствената смрт.
Симболиката и реалноста на драмата во Мелбурн е многу посериозна и подлабока од тоа дали Нолета ќе го пуштат или ќе го избркаат.
Бидејќи е јасно дека светот ќе одбие да пропадне поради трката по рекорди во која Ноле сака да има привилегиран, да не речам, нерегуларен статус, ќе се постави прашањето за крајот на неговата кариера. Што од аспект на тенисот и на спортот воопшто, би бил многу лош развој на настаните.
Не сум сигурен дали Новак има сила да ги прекине конците на љубовта која го тера со алтернативните животни филозофии да ги соборува рекордите на модерниот свет. Тој негов светоглед веќе беше извор на два сериозни ковид кластери, оние на турнирите во Задар и во Белград. Природата на неговата работа е исклучителната контактибилност без временски и просторни ограничувања. Шансите да се шета и да игра, а да не се зарази или тој да не зарази некого, се минимални. Впрочем, тој веќе прележа ковид 19. Инсистирањето на специјален статус ги повредува сите кои потчинувајќи се на протоколите ги положија своите жртви во битката со смртоносната пандемија. Што беше суштина на критиката на Надал. Неговото влијание и врз здравствените ориентации на луѓето е големо. И затоа е важен неговиот став.
Еве ги моите совети за големиот шампион.
Како може да ја спаси не само кариерата туку и своето достоинство и достоинството на својот неверојатен и единствен подвиг.
- Во авионот за Белград кани 150 новинари и сниматели.
- Држи прес конференција.
- Им се извинува на своите фанови, на австралиската држава и јавност, на светското внимание за проблемите што ги предизвика со своето поведение.
- Се вакцинира.
- Јавно го замолува татка си да престане да го брани и изјавува дека се оградува од неговите крајни непримерености.
- Го замолува пилотот да се возат наоколу додека да му дојде време за ревакцинација по која ќе може да слета каде било.
- Заминува за Мајами во изолација и одмор во прекрасниот стан.
- Игра на два турнира и интензивно тренира како подготовка за Ролан Гарос.
- Игра на Квинс или некој друг турнир на трева како подготовка за Вимблдон.
- Ако реши да ги игнорира горните совети, доаѓа на Предејане опен и тука на свечен начин, со победничкиот трофеј во форма на сендвич со кајмак, ја завршува богатата кариера.
Во тој случај ќе му се придружам на Анте Тимиќ кој во својата колумна напиша: Ова клоца во газот препотентниот Ѓоковиќ, чесно ја заслужи.
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.