Секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата, истакнува во интервју за МИА лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Тоа е, нагласува Ковачевски, основен принцип на ефикасно управување и новата влада ќе се води по него.
„Што се однесува до новиот владин состав и ресорите со кои ќе раководи СДСМ, станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација и резултати во своите ресори. Од сите нив очекувам максимално посветена работа, остварување на ветеното и фокус на приоритетите од програмата. Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. За ова да го постигнеме секој член, секој дел од овој мотор мора да функционира беспрекорно.“, потенцира Ковачевски.
Ј. Ѓ.