ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

БЕГ има средства за набавка на гас до утре, бара Владата времено да го преземе управувањето со компанијата

January 13, 2022 22:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата за производство на топлина Балкан Енерџи вечерва соопшти дека има средства за набавка на гас само до крајот на утрешниот ден и бара од Владата времено да го преземе управувањето со компанијата се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

– Ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедиме финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина. За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона, се наведува во соопштението од компанијата.

Од БЕГ информираат дека во четвртиот квартал од 2021 година успеале да ги амортизираат пазарните ризици и да обезбедат растот на цената на гасот да не се одрази врз цената на топлинската енергија која се испорачува до корисниците, но дека енергетската криза која продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата.

– Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната комисија за енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци. Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец јануари 2022 година изнесува девет милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, сеуште не е најдено решение за овој горлив проблем. Во меѓувреме од почетокот на грејната сезона, ПТБЕ самостојно од своите ограничени тековни средства и приливи ја финансира набавката на природниот гас. Цената на гасот за месец јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природен гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни пет милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден, се вели во соопштението.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk