На снимката се гледа како Кели клекнува на едно колено на локација специјална за парот додека Фокс стои шокирана со рацете над устата. Парот потоа се прегрна и споделија бакнежи.
„Во јули 2020-та седевме под ова дрво. Побаравме магија. Несвесни за болката со којашто ќе се соочиме за толку краток, бурен период. Несвесни за работата и жртвите што оваа врска ќе ги бара од нас, но опиени сме од љубов. Некако, година и пол подоцна, откако заедно го поминавме пеколот и се смеевме повеќе од што можев да замислам дека е возможно, тој ме побара за жена. И исто како во секој живот пред овој, и секој нареден живот, јас реков да…и ја пиевме нашата крв“, стои во описот на објавата на 35-годишната Фокс.
View this post on Instagram
Кели ја запроси со прстен специјално изработен, украсен со смарагд и дијамант.
View this post on Instagram
„Да, во овој живот и во секој живот“, под истите гранки под кои се заљубивме, ја вратив за да ја замолам да се омажи за мене. Знам дека традицијата е еден прстен, но јас го дизајнирав со Стивен Вебстер да бидат два: смарагдот (нејзиниот роден камен) и дијамантот (мојот роден камен) поставени на две магнетни ленти од трње кои се спојуваат како две половини од иста душа, формирајќи го нејасното срце што е нашата љубов“, истакна на Инстаграм Машин Ган Кели.
М. М.