РИБАРО
После обвинувањата од јавноста дека не ги исполнува дадените ветувањата, а пред сè обврските како градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска за АХА вели дека е преседан да се бара од неа да е надлежна за водење на градот.
„Какви се тие небулози ви се молам?! Преседан е да барате од мене како градоначалничка да сум надлежна за водење на градот. Какво парно греење барате на ова прекрасно сончево време?! Нема инстант решенија за сообраќајот во Скопје!. За каков тоа бесплатен јавен превоз говорите?! Кој го ветил тоа ви се молам?!“, со контра прашања настапи Арсовска кон екипата на АХА.
– Не може да сум јас надлежна за сообраќајниот метеж во Скопје, за собирањето на ѓубрето, за загадувањето, за чистењето на парковите, за изградба на мостови и булевари, или за велосипедските патеки, додаде Арсовска.
– Но, градоначалничке, нели тоа се ваши основни надлежности?, праша репортерката на АХА.
„Секој граѓанин сам за себе треба да си ја преземе одговорноста. Мора конечно да научат да се снајдуваат. Што има да се возат со автобус, или да возат точак, да се греат на парно, или да дишат… Јас сум менаџер, какви се тоа барања од мене? Имате ли вие основно воспитување и срам? Ме напаѓате како жена. Ќе ве тужам!“, се закани Арсовска кон екипата на АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK