ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје

January 14, 2022 10:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се излечат“ и истакнува дека сега Грција се стреми кон добри односи со Северна Македонија.

– Од моментот кога се случи, имаме секаква причина да се стремиме кон најдобри можни односи со Северна Македонија и во главно да го прошириме нашето економско влијание. Затоа што во моментов Грција повторно станува протагонист на енергетската мапа на Балканот, не само во она што се случува во Грција. Грција е природен извор на влез на енергија кон Балканот и кон централна и источна Европа и имаме за цел максимално да ја искористиме оваа наша улога, рече Мицотакис.

Тој истакна дека треба да започне пристапниот процес на земјава во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.

Мицотакис вели дека е целосно доследен во однос на ставовите за Договорот од Преспа изнесени пред Нова демократија да дојде на власт, објаснувајќи дека за него ќе беше многу лесно и политички корисно, ако предизборно велеше дека ќе го поништи договорот.

– Не го сторив тоа бидејќи сум сериозен политичар и многу добро знам дека договорите не можат да се променат, рече грчкиот премиер.

Во интервјуто за грчката телевизија „Антена“ емитувано синоќа кусо пред полноќ, Мицотакис најави второ зголемување на минималната плата во Грција, отфрли секаква можност за воведување локдаун во земјата, но и секакво сценарио за одржување предвремени парламентарни избори./MИА/.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Арсовска за АХА: Преседан е да барате да сум надлежна за водење на градот

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk