ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Во вторник продолжуваат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија, ќе се бара компанија што нема да биде субвенционирана

January 20, 2022 21:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва најави дека во вторник на заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија и оти ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути, како на пример Скопје-Софија-Атина, со цел да се избегне нејзино субвенционирање.

Тој вечерва во гостувањето во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма, одговарајќи на прашање дали летовите Скопје-Софија ќе ги спроведува бугарската компанија „Гуливер“ и дали тоа ќе бидат нискобуџетни летови кои понатаму ќе прават примамлива интерконекција за летови за Канада и САД, Бочварски одговори дека прво ќе се обидат да поразговараат со оператори коишто треба да имаат финансиска исплатливост.

– Најпривин тргнавме од тој аспект да се обидеме да поразговараме со оператори коишто се заинтересирани, бидејќи тоа се приватни компании, можеби некаде и државни, коишто треба да имаат финансиска исплатливост да можат да возат на една ваква рута. Таа рута е доста кратка рута од Софија до Скопје и во минатото е запрена заради тоа што немало доволен број на патници. Аспектот на тоа дека треба да одиме со потпомагање или субвенционирање на оваа линија го ставаме во втор план. Во разговорите дискутиравме дали е возможно да отвориме можности и да поразговараме со тие компании да направат одреден триаголник, на пример Скопје-Софија-Атина или Софија-Скопје-Истанбул со што ќе ја направат примамлива и оваа делница за движење на авиотранспортот во наредниот период, но крајната цел е да имаме авиолинија Скопје-Софија заради тоа што ќе отвори нови можности за граѓаните без разлика дали таа компанија потоа ќе го најде интересот и ќе вози од Софија до Њујорк или до Канада или до Германија, тоа е апсолутно оправдано заради тоа што компанијата треба да го најде и финансискиот интерес без притоа најпрвин да се насочиме финансиски со субвенции од страна на државите, нагласи Бочварски.

Тој посочи дека се отворени сите опции и оти од вторник ќе ги продолжат разговорите за авиолинијата.

–  Јас го информирав и министерот од Бугарија дека ние сме подготвени за секоја заинтересирана компанија. Дека може слободно да дојде овде и да поразговараме заедно со сите власти воздухопловни во државата да ги најдеме можностите. Ние имаме концесионер на нашите два аеродроми, секако ќе ги вклучиме и нив за можни поволности, можеби попусти, за да може оваа линија конечно да почне да оперира. За нас е многу важно не само заради политичкиот момент, сметам дека треба како први соседи да имаме повеќе конекции и ова е еден од начините да го направиме тоа, истакна министерот за транспорт и врски.

извор: МИА
Next Post
360 степени

ЗНМ и СЕММ: Нема простор од сензации во медиумите кога има лични трагедии

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk