ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Направиле ли Пецаков и Мицкоски „ковид-кластер“ за Водици?

January 22, 2022 11:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СКАНДАЛИ
Мицкоски и Пецаков, во црква во Охрид, без маски. Фото: Фејсбук профил од Христијан Мицкоски

Мицкоски и Пецаков, во црква во Охрид, без маски. Фото: Фејсбук профил од Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Неколку медиуми објавија дека охридскиот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков, наместо да се изолира по направен тест за Ковид – 19 се појавил на одбележувањето на Водици, се гушкал со граѓани, се ракувал со гостите, а по прославата добил позитивен тест.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за А1он, потврдиле дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетиле и дека сè уште важат правилата – секој што се тестира веднаш да се изолира.

Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид – 19 и на Водици излегол да ја следи манифестацијата оти побарал тест заради патување, не поради тоа што се чувствува лошо. Тој потврдил дека добил позитивен тест, но следниот ден го повторил тестот и добил негативен резултат.

На својот Фејсбук профил, Пецаков го објави сертификат на кој се гледа дека резултатот од тестирањето направено на 21 јануари е негативен, но претходно Пецаков никаде нема објавено дека првиот ПЦР тест што го направил покажал дека е позитивен.

Тој за Водици бил во контакт со многу луѓе, меѓу другите и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски и Пецаков, во црква во Охрид, без маски. Фото: Фејсбук профил од Христијан Мицкоски

Како што може да се забележи на фотографијата објавена на фејсбук профилот на Христијан Мицкоски, градоначалникот на Охрид, Пецаков и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, палат свеќи во црква еден до друг во затворена просторија без заштитни маски на лицето.

Христијан Мицкоски 19 јануари 2022 година, во затворен простор (црква) без заштитна маска на лицето.

Мицкоски, пак како што може да се види од неговите објави на Фејсбук, истиот ден бил и во Струга каде се фрлал крстот во Дрим, опкружен со илјадници граѓани.


Во меѓувреме, охриѓани и други граѓани кои за Водици биле во Охрид, се во паника и се вчудоневидени како можел градоначалникот на Охрид, кој патем е доктор стоматолог, да е толку неодговорен, да се тестира а резултатите да не ги чека во самоизолација.

Д. Е.

Next Post

СЗО: Над 340 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk