ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Пајковска: Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економскиот раст

January 23, 2022 14:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Фото: helpsg / Pixabay

Фото: helpsg / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економскиот раст и вработеност кој треба да се активира. Затоа стратегијата за развој на женското претприемништво треба да има за цел економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал со што ќе се придонесе кон развој на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија, истакна Јасна Пајковска од Центарот за управување со промени на обуката за дигитален маркетинг што се одржа во Охрид.

Обуката е дел од проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ што го спроведува Центарот за управување со промени со поддршка „Balkan Trust for Democracy“. Целта е да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во услови на Ковид-19 и да се обезбеди целосна поддршка преку унапредување на постоечките бизнис практики, дигитализација на процесите и политиките на управување и воведување на онлајн продажба и маркетинг.

– Ние сакаме да обезбедиме долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси како и предлог мерки за подобрување на владините програми насочени кон поддршка на компаниите во сопственост на жени. Идејата за спроведување на овој проект произлезе од воочените предизвици и проблеми со кои се соочија женските бизниси во текот на имплементирањето на претходен проект во прекуграничниот регион на Полог и Елбасан, нагласи Пајковска.

Таа вели дека во соработка со општинските власти ги мапирале женските бизниси во Скопје, Битола и Охрид, а контактирале и со стопанските комори кои работат во областа на женското претприемништво и врз основа на претходно воспоставени критериуми биле избрани девет бизниси, по три од секој град.

Бизнисите кои се вклучени во менторската програма се од различни сектори и тоа физикална и кинезитерапија, производство на здрава храна, едукативен центар, производство на декоративни предмети за домот, филигранство, изработка на дизајнерски накит, рачни изработки од бакар, дрво и слично.

– Беа спроведени и неколку индивидулни работилници согласно потребите за развој на секој од бизнисите. Значењето на дигитализацијата особено е зголемено во услови на пандемија кога контактите со клиенти се намалени или сведени на минимум, кога се практикува работа од дома и сл. Токму поради овие причини една од главните цели на проектот е да се воведат дигитализирани процеси кај женските бизниси, додаде Пајковска.

Next Post

Кејн: Конте е еден од најдобрите тренери во светот, сите во Тотенхем сакаме да успееме

Shortcut

Најново

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk