ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Потрошувачката на кеси е намалена до 10 пати по воведувањето забрана за користење на пластични кеси за носење стоки

January 27, 2022 14:11
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Има големо намалување на потрошувачката на кеси по воведувањето на забраната за користење на пластични кеси за носење стоки и дозволена употреба само на биоразградливи кеси за носење стоки со надоместок од 15 денари, оцени денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

-Поминаа речиси два месеци од воведувањето на забраната. Во првиот месец – декември 2021 година од продажбата на биоразградливи кеси се собрани 14.413.019 денари. Според анализите кои ги започнавме да ги правиме  во соработка со маркетите може да се заклучи дека имаме големо намалување на потрошувачката на кеси, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.

Нагласи дека во некои маркети кои порано бесплатно давале кеси има намалување и до 10 пати, а кај оние кај кои се плаќале по денари или два, продажбата на кеси е намалена четири пати.

-Потребно е време за навикнување и прилагодување, но сепак веќе има доста позитивни промени, а маркетите продале и голем број на торби за повеќекратна употреба. Следи  донесување на програма за инвестирање на средствата кои се добиени од продажбата на биоразградливите кеси, а целта е овозможување на системот за селекција на отпад да го осети секој граѓанин. Ќе дадеме почетен импулс на локалната самоуправа и колективните постапувачи кои имаат обврска со новите закони да воспостават инфраструктура за селекција на отпад за граѓаните, посебно во заштитените подрачја, рече Нуредини.

Најави дека ќе следат почести контроли во маркетите и додаде дека не е дозволена употреба на пластични кеси подебели од 15 микрони за носење стоки без разлика дали се со рачки или без рачки и додаде дека таквите кеси мора да се плаќаат по 15 денари. Кесите потенки од 15 микрони, посочи, се за хигиенска употреба и може да се користат за пакување месо за што маркетите плаќаат.

-Во контакт сме со Пазарниот инспекторат за да има построги контроли за имплементирање на законите. Контролите ќе ги започнеме во поголемите маркети, бидејќи тие се и најголеми потрошувачи на кеси. Еден голем маркет лани во ноември пред воведувањето на забраната бесплатно делел по 800 илјади кеси, а по воведувањето во декември продал 103 илјади. Друг голем маркет во кој се плаќале кесите месечно продавал по 709 илјади, а сега продава само 147 илјади кеси по 15 денари, рече министерот за животна средина и додаде дека во декември се собрани 240 илјади евра од продажбата на биоразградливи кеси.

Во контакт сме, посочи, со директорите на големите маркети и гледаме дека не се почитуваат мерките во целост, а и тие се свесни за тоа.

-Заедно со Инспекторатот ќе направиме поголеми контроли, но првите бројки укажуваат дека имаме намалување до 10 пати на употребата на кеси во маркетите. Нормално е да не очекуваме веднаш да се имплементираат мерките, бидејќи е потребна транзиција кај граѓаните и потрошувачите, но првите анализи велат дека се намалува употребата на пластика во нашата држава и тоа за тони пластика, потенцира Нуредини.

Како што истакна, тој и Министерството за животна средина имаат идеја собраните 240 илјади евра од продажба на биоразградливи кеси да се искористат за набавка на контејнери за селектирање на отпад, пред се на пластика и конзерви, за што бара поддршка од локалната самоуправа и колективните постапувачи за селекција на отпад.

извор: МИА

Next Post

Бомгартнер: Франција ќе се обиде да го олесни процесот со Софија за побрз старт на преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk