ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Задорожњук: Украина станува се поприсутна на културен, уметнички, образовен и научен план во Северна Македонија

January 27, 2022 21:01
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Активно се развива преведувачката дејност, поточно, само во 2021 година на македонски е преведена и објавена книгата „1000 интересни факти за Украина“, како и делата на современите млади украински писатели – романите „Твојот поглед, Чо-Чо сан“ од Андриј Љубка, „Зимскиот крал“ од Остап Сливински, „Моцарт 2.0“ од Дорж Бату и „Феликс Австрија“ Софија Андрухович, вели во интервју амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук.

„Активно се развива преведувачката дејност, поточно, само во 2021 година на македонски е преведена и објавена книгата „1000 интересни факти за Украина“, како и делата на современите млади украински писатели – романите „Твојот поглед, Чо-Чо сан“ од Андриј Љубка, „Зимскиот крал“ од Остап Сливински, „Моцарт 2.0“ од Дорж Бату и „Феликс Австрија“ Софија Андрухович. Воедно, сакам да ја искористам оваа прилика искрено да им се заблагодарам на искрените пријатели на Украина, познатите преведувачи и писатели Вера Чорниј-Мешкова и Игор Станојоски за нивната напорна работа и активната соработка со нашата Амбасада“.

Во интервјуто амбасадорката истакна дека имаме многу добра соработка во културната сфера. Конкретно, само во последната година, и покрај ограничувањата поради Ковид-19, се реализирале низа интересни заеднички проекти.

„Имаме многу добра соработка во културната сфера. Конкретно, само во последната година, и покрај ограничувањата поради Ковид-19, успеавме да реализираме низа интересни заеднички проекти. Меѓу нив, пред сè, филмскиот фестивал на познатиот украински режисер Олександр Довженко во „Кинотеката на Северна Македонија“, учеството на украинските современи филмски режисери на Меѓународниот филмски фестивал „МакеДокс“ во античкиот Куршумли-ан, одржаните изложби на делата на Украински уметници кои живеат во Северна Македонија, како и лансирањето на првиот аудио водич на украински јазик во Музејот на македонската ослободителна борба во Скопје“.

Амбасадорката рече дека имаат намера да одржат уште повеќе вакви интересни настани, вклучувајќи филмски фестивали, изложби, презентации на украинската кујна, заеднички научни конференции и слично. Сигурна е дека ќе бидат интересни и ќе ја претстават богатата украинска култура.

„Во 2022 година, доколку дозволи состојбата со Ковид планираме фестивал на украински документарни и играни филмови, меѓу кои планираме да се прикажат неколку филмови за настаните на воената зона во Донбас, креативни вечери (презентации на книги и преводи на нашите познати современи писатели), Денови на украинската култура и изложби на украински уметници, како и турнеја на Кијивскиот академски регионален музичко-драмски театар „П.К.Саксагански“ и Уметничкото здружение „Таленти на 21 век“ и многу повеќе“.

Задорожњук нагласи дека овие и многу други настани што ги организира Амбасадата заедно со македонската страна овозможуваат смело да тврдат дека Украина станува се поприсутна во Северна Македонија.

Целото интервју можете да го прочитате на Фронтлајн.мк.

М. А.

Next Post

Османи: Како членка на НАТО се подготвуваме за сите ризици по заедничката безбедност

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk