ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Благо намалување на бројот на новоинфицирани од Ковид-19, остануваат истите мерки

February 1, 2022 08:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, поради тоа што има благо намалување на бројот на новоинфицирани од Ковид-19, сметаат надлежните. Ковид сертификатите остануваат да важат, а денеска ќе се знае како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата.

Министерот за здравство Беким Сали вчера кажа дека има благо намалување на бројот на новоинфицирани, и оти се следи состојбата со капацитетите на болничките кревети.

– Во тек сме со состојбата, ја контролираме и со капацитети на кревети кои ги има сосема доволно и од аспект на кадар сме сосема доволно добро организирани. Така што, нам ни останува само да чекаме да се намалува бројот. Има благо намалување на бројот од аспект на новоинфицирани. Вака како што сме продолжуваме, смета ресорниот министер.

Сепак, тој е дециден дека намалување на рестриктивни мерки нема да има, поради тоа што согласно епидемиолошката состојба, во државата има многу мал број вакцинирани, а се уште продолжува пикот на четвртиот бран.

Комисијата за заразни болести денеска ќе ја одржи и првата седница во нов состав, при што меѓу другото, треба да се одлучува како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата што го најави министерот.

Скринингот ќе биде изведен преку центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи.

Комисијата за заразни болести се состанува секој вторник, затоа што тоа се смета како ден за евалуација на епидемиолошката недела од понеделник до понеделник.

Во меѓувреме, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера беа направени 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи со КОВИД-19. Починале 22 лица, а има 7.170 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 268.901. Бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409. Има вкупно 13.628 активни случаи.

Што се однесува на состојбата со Ковид-19 во останатите држави, во Грција се олабавуваат дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење.

Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“.

Исто така, невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Во меѓувреме, откако во Хрватска е потврдено присуство на подвидот на омикрон, БА.2, епидемиологот Бернард Каиќ вели дека се уште не знае дали таа подваријанта е поопасна, но дека постојат индикации дека е малку позаразна, иако не смета дека има голема разлика меѓу омикронот и подваријантата на тој сој.

Тој додаде дека се чини оти оваа подваријанта на омикрон нема влијание врз ефикасноста на вакцината против коронавирус или врз заштитата добиена по прележувањето на болеста.

Според него, добро е што се чини дека оние кои ја прележале стандардната варијанта омикрон ќе останат имуни на новата.

Во Србија, пак, не стивнува пандемијата. Таму вчера беа регистрирани 15.352 нови случаи на коронавирус, од 31.521 тестирани примероци, а од заразата починале 59 лица.

Финска од денеска ќе почне да ги олеснува ограничувањата воведени поради коронавирусот, а сите мерки ќе бидат укинати во рок од еден месец, најави премиерката Сана Марин.

Граничните контроли за оние кои доаѓаат во Финска од земјите во Шенген зоната ќе бидат укинати од почетокот на февруари. Во моментов потребно е на граница да се покаже сертификат за вакцинација, заедно со негативен резултат од ПЦР тест.

Исто така, од денеска во сила стапуваат нови правила за патување со ковид сертификати во Европската Унија, а сертификатот ќе важи девет месеци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија им налага од 1 февруари на сите земји членки во ЕУ да ги прилагодат правилата за ковид сертификатот. Во случај на патување, сертификатите за вакцинација ќе важат 270 дена, или девет месеци, од последната доза на примарната вакцинација.

Бројот на починати во Европа во однос на оној на заразените, навестува дека омикрон е навистина „поблаг сој“.

И покрај зголемениот број новозаразени во светот со појавата на омикрон варијанта на коронавирусот, неделните извештаи за смртни случаи се релативно „стабилни“ и не покажуваат значаен скок од октомври минатата година.

Иако според досегашните показатели, омикрон предизвикува помалку тешка форма на болеста од делта сојот, тој сепак останува опасен вирус, особено за оние кои не се вакцинирани./MИА/.

Next Post

Регистрирани два земјотреса во охридско-струшкиот регион

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk