ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е во тотална конфузија за зголемувањето на минималната плата

February 5, 2022 11:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од ВМРО-ДПМНЕ, деновиве, кога се разгледуваат можностите за зголемување на минималната плата на работниците на 18.000 денари, добиваме тоталена шарада од различни ставови искажани јавно.

Отпорот што доаѓа од работодавачите за зголемување на минималецот има (се разбира за нив) некаква капиталистичка логика, но немаат никаква логика различни ставови во врска со ова што доаѓаат од врхушката на партијата која нели „се крсти во народот“.

Членот на Извршниот комитет на партијата и актуелен претседавач со советот на град Скопје, Трајко Славески е против зголемување на минималецот. Тој вели дека се прифатливи барањата на работодавачите, да се промени методологијата за пресметка на минималецот. Според членот на највисокото партиско тело во ВМРО-ДПМНЕ, ова што го бара Синдикатот се косело со практиката во Европа и во светот.

Од Синдикатот велат работниците памтат и ќе вратат

Од Сојузот на Синдикатите на ваквите негови шурувања со работодавачите, велат дека го разбираат Трајко Славески поради тоа што тој во Македонија прима плата во висина на минимална плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија. 50% од просечната плата во Германија е 1.400 евра а во Македонија 14.000 денари, па веројатно му е тешко да го преживее месецот како на 110.000 работници, па затоа ги поддржува работодавачите, а не работниците.

Славески а следствено и ВМРО-ДПМНЕ со јавната и отворена поддршка на работодавачите, го минира процесот на договарање на трите страни во економскиот совет давајќи им аргументи повеќе на стопанските комори да не ги прифатат барањата на Синдикатот.

Мицкоски пак, кој дотогаш молчеше, сега, откако виде како работниците и јавноста реагираа на ставовите од неговиот финансиски гуру, рече дека се согласува на раст на минималецот, но само доколку се нивелираат и сите останти плати.

„Тоа е една чудна непопулистичка од една страна приказна, од друга популистичка“, вели на поставено новинарско прашање Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За Мицкоски покачувањето на минималецот е, како што вели и самиот, приказна и според тоа станува многу јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ не излегува со јасен став околу ова прашање.

Можеби за челниците на ВМРО-ДПМНЕ, и Мицкоски минималната плата е од минорно значење, но за работниците кои земаат минимална плата, покачувањето на 18.000 денари, во услови на вакви светски кризи, ама ич не им е приказна, туку суштинска прашање.

Оттука не е чудо што кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, Славески беше министер за финансии, a Мицкоски советник на Груевски, минималната плата беше 8.000 денари.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Исклучени од сообраќај 11 возила кои вршат јавен превоз на деца и утврдени 20 кривични дела

Shortcut

Најново

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk