Откако се потврди дека снимката од македонски училишта е лажна и дека системот на Министерството за образование и наука не е хакиран ВМРО-ДПМНЕ и должи извинување на јавноста, пишува во соопштението на СДСМ.
– Доцна синоќа ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ширеше хистерија и неосновано напаѓаше повикувајќи се на лажни твитер објави. ВМРО-ДПМНЕ е решето, со пари од земји кои не и мислат добро на државава, постојано шири лажни вести за да наштети на државните интереси, велат од СДСМ во соопштение.
За да дојде до ситни политички поени ВМРО-ДПМНЕ го допре дното, пишува во соопштението.







