Силна порака до Русија испратија светските дипломати за време на денешната конференција на Обединетите нации во Женева.
– Заминувањето на европските делегати и сојузници за време на изјавата на министерот Лавров е наш начин да ја поддржиме Украина – напиша Француската делегација на Твитер.
Walk out from the EU and its partners during the statement from Minister #Lavrov at the #ConferenceOnDisarmament this morning to show our support to Ukraine #StandWithUkraine pic.twitter.com/q6Tq8bdd1D
— France-Désarmement ???? (@FR_Desarmement) March 1, 2022
Според видеото објавено од француската делегација, кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се појавил на видео врската, многу претставници на европските и други земји станале и ја напуштиле салата.
Delegations leaving the hall of the @UNHumanRights Council as the Russian Foreign Minister was about to speak. pic.twitter.com/OjdQ1SX0ep
— The UN Times (@TheUNTimes) March 1, 2022
Лавров во обраќањето рекол дека не дошол лично, туку се вклучил преку видео поради „нечуените“ мерки што Европа и ги наметна на Русија откако тие извршија неиспровоциран напад врз Украина, пренесува Си-Ен-Ен.
Ј. Ѓ.