Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на британското кралско семејство претходно оваа недела за поддршката. Кралицата Елизабета ја покажува својата поддршка за Украина.
Комитетот за вонредни катастрофи се заблагодари на Кралицата Елизабета за нејзината голема донација.
„Голема благодарност до Нејзиното Височество Кралицата што продолжи да го поддржува Комитетот за вонредни катастрофи и да даде дарежлива донација за хуманитарниот апел на Украина“, соопшти организацијата.
Кралицата Елизабета е последниот член на кралското семејство што ја покажа својата поддршка кон Украинците. Во средата, принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол имаа емотивна средба со Украинците во Лондон.
Many thanks to Her Majesty The Queen for continuing to support the Disasters Emergency Committee and for making a generous donation to the DEC Ukraine Humanitarian Appeal. @RoyalFamily #UkraineAppeal
— DEC (@decappeal) March 3, 2022
Принцот Чарлс претходно го осуди рускиот напад врз Украина во вторникот во говор за време на посетата во Саутенд-на-Си, Англија, по повод Денот на градот.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја дадоа својата поддршка за Украина во изјавата споделена на нивниот заеднички профил на твитер.
„Во октомври 2020 година имавме привилегија да се сретнеме со претседателот Зеленски и со првата дама и да дознаеме за нивната надеж и оптимизам за иднината на Украина“, започна изјавата на парот. „Денес стоиме со претседателот и со целиот народ на Украина додека тие храбро се борат за таа иднина.
Принцот Хари и Меган Маркл дадоа сопствена изјава на 24 февруари.
„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс и сите ние во Арчевел стоиме со народот на Украина против ова прекршување на меѓународното и хуманитарното право и ја охрабруваме глобалната заедница и нејзините лидери да го сторат истото“, беше објавено во соопштението до нивната веб-страница на Фондацијата Арчевел.
Во вторникот, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му се заблагодари на британското кралско семејство што ја изрази својата поддршка за земјата.
Зеленскиј на Твитер напиша дека тој и неговата сопруга Олена „се благодарни на војводата и војвотката од Кембриџ што во овој клучен момент, кога Украина храбро се противи на руската инвазија, тие стојат покрај нашата земја и ги поддржуваат нашите храбри граѓани“.
„Доброто ќе триумфира“, додаде тој.
Olena and I are grateful to the Duke and Duchess of Cambridge @RoyalFamily that at this crucial time, when Ukraine is courageously opposing Russia’s invasion, they stand by our country and support our brave citizens. Good will triumph.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2022
Рускиот напад врз Украина е приказна која се развива, а информациите брзо се менуваат.
В.К