ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Славјанка Петровска со месеци е мета на говор на омраза и булинг

March 11, 2022 13:56
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со денови, ако не и со месеци социјалните мрежи се преполни со експлицитен говор на омраза, навреди, погрдни зборови, полни гнев, сите насочени кон министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Од навреди кои се однесуваат на нејзиниот брачен статус, надворешен изглед, квалификации на „експертите“ за нејзината интелигенција до предрасуди за начинот на облекување. Коментарите се толку ниски, подли и безобразни, што некогаш се прашувате, дали овие луѓе имаат свој живот.

 

 

На Фејсбук и Твитер може да се најдат „безброј“ лични навреди кој Петровска. Најмногу од нив се однесуваат на килограмите, и во таа насока, коментарите се ужасни и запрепастувачки а упатени се и од мажи и од жени.

 

Во однос на изјавите на министерската Петровска на почетокот на војната во Укриана, кои беа поврзани со НАТО, многу погрдни коментари беа упатени кон неа, почнувајќи од „ти да одиш мори свињо“, до „си ја заборавила терапијата“.

Лошите коментари не престанаа и откако беше објавено дека министерката е во посета на Лондон и дека министерката била пречекана со поздрав на македонски јазик и дека британската гарда и ја отсвири  „Јовано, Јованке“.

Јавното понижување трае со месеци, а ретко кој надлежен реагираше по ова прашање. Досега реакции пристигнаа од Центарот за слобода ЦИВИЛ кој реагираше прв, и денеска реагираа од „СоНеаСме“, поточно Ирена Цветковиќ од Маргини објави принтскрин колаж од навреди упатени кон Петровска и јавно ја поддржа.

Во реакцијата на #СоНеСме се наведува:

„Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење“.

По оваа реакција, поддршка на Петровска дадоа и сопартијките Радмила Шекеринска и Мила Царовска кој на своите профили на социјалните мрежи. Но, освен нивната јавна осуда, изминативе шеесетина денови ниту еден политичар, не излезе да каже јавно или да повика, барем меѓу својот електорат и поддржувачи, да повика на повлекување или пак воздржување од вакви коментари.  Напротив, Димитар Апасиев од Левица, по изборот на новата Влада во јануари година, објави ваков коментар.

 

Ова не е прв случај на булиниг и мизогинија кон жени, дали се работи за девојчиња или жени кои не и се познати на јавноста или пак се јавни личности, политичарки, професорки. Поранешната министерка за образование Мила Царовска, исто така беше мета на чести напади, па дури и закани. И Шекеринска со години е меѓу „омилените“ за напади на социјалните мрежи. Говорот на омраза не ги изостави ниту Нина Ангеловска, Даниела Рангелова, проф. Гордана Сиљановска, проф. Катерина Колозова, како и кон млади девојќи чиишто фотографии беа злоупотребени во интернет групи со експлицитна содржина.
И. З.
Next Post

ЦИВИЛ го одржа првиот „Мулти култи бриф“ посветен на почитувањето на различностите во услови на светска криза

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk