ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во прилепскиот суд почна судски процес за нарушен јавен ред и мир на празникот 11 Октомври

March 15, 2022 15:01
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во прилепскиот основен суд денеска почна судењето на прилепчанец кој е обвинет за нарушување на јавен ред и мир. Станува збор за случајот од празникот 11 Октомври лани, кога при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание, прилепски активист во криптата на Могилата на непобедените вербално, со зборови, навредливи според обвинението, се обрати до тогашниот премиер Зоран Заев. Обвинението е поднесено од прилепската полиција.

Судијката, кој ја води прекршочната постапка Јованка Јованоска, ни изјави дека процесот денеска почна и не може да коментира за текот на постапката.

– Започна судската постапка за прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за случај од 11 октомври 2021 година. Подносител е СВР-Битола, ОВР Прилеп. За овој вид прекршок е предвидена парична глоба, рече Јованоска.

Обвинетиот, прилепчанецот Иван Јованоски, како што изјави пред прилепскиот основен суд, не се кае за изречените зборови, ниту дека е виновен за обвинението. Вели дека има повикано сведоци, а меѓу другите е повикан да сведочи поранешниот премиер, Зоран Заев.

– Денеска беше првото рочиште. Јас сум обвинет од полициски службеник за нарушување на јавен ред и мир и за омаловажување на „некојси“ премиер и за „некоја“ фиктивна Република која практично не постои, неуставна, „некоја си“ Северна Македонија. Ова е за случката на Могилата на непобедените што се случи на 11 октомври 2021 година. За мене е спорно што моите зборови во изјавата се малку испревртени, и не се тие што ги кажав. Цитирам како службеникот од МВР ги има напишано: „Немаш лице да се појавиш овде, му се п….а на сите што се починати, треба да си славите уште еден празник, таму во Бугарија, не овде, ова не е веќе територија. Јас не реков „ова не е веќе територија“, туку реков „ова не е ваша територија“. Не се чувствувам виновен, стојам зад овие зборови. Истото ова лице, Зоран Заев, ги прави пријатели нашите тогашни непријатели, бугарските фашисти. Јас не се каам и стојам зад реченото. Значи, полициски службеник констатира прекршок. На наредното рочиште, од моја страна, е повикан Зоран Заев дали се чувствува омаловажен. Повикани се и полицискиот службеник и мои сведоци дека овие наведени зборови не се токму така кажани. Постојат видео-снимки. Мене не ми е јасно во кој дел има омаловажување. Го искористив прилепскиот жаргон, изјави Јованоски.

За овој вид прекршок, според Законот е предвидена парична глоба. Судскиот процес продолжува на 15 мај.

Инаку, Иван Јованоски е локален модератор на партијата „Левица“ во Прилеп и е член на советот на општина Прилеп.

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани 312 нови позитивни случаи на Ковид-19, оздравени 290, починати 5 лица

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk