ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Српски медиуми: Јуриш по евтино гориво во Македонија и Босна

March 16, 2022 20:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сведоци сме на чести поплаки дека горивото се поскапува, а поевтинување на литар дизелот и бензинот не чувствуваме подолго време. Граѓаните на Србија кои живеат во близина на границата одлучуваат да одат во Босна и Херцеговина и Северна Македонија бидејќи, според нивните зборови, „вреди повеќе од тоа“. Цените се некаде двојно поевтини, а има и примери дека дури жители на Белград да одат преку граница за викенд за да ги наполнат резервоарите.

Литар дизел и бензин во Србија за речиси пет месеци поскапеле за речиси 15 динари. Од Асоцијацијата на нафтени компании велат дека давачките за дизелот се убедливо највисоки во регионот, а за течниот гас, на пример, дека се највисоки во цела Европа.

 

За разлика од тоа кај нас горивата поевтинуваат, со навремено донесените мерки за заштита на животниот стандард од страна на Владата, и намалувањето на акцизите на горивата како и замрзнување на цените на основните продукти, се зашити животниот стандард на граѓаните, но тоа предизвика и лавина од позитивни реакции во регионот.

Моментално Северна Македонија има најефтини горива во сред економска, нафтена и воена криза. За ова сведочат секојдневните поминувања на граница од страна на соседите за да ги искористат бенефитите кои ние ги уживаме поради мерките од страна на Владата.

Српските медиуми пишуваат како најчесто за гориво се оди во Босна и Херцеговина и Северна Македонија, бидејќи тамошните цени се најпристапни за нивните граѓани.

Граѓаните кои живеат во близина на границата со Босна и Херцеговина често одат по гориво таму, а според нив тоа се исплати.

Во Северна Македонија доаѓаат граѓани од Врање, Бујановац и околината.

Српските државјани кои живеат на југ одат преку граница за да ги наполнат резервоарите. Состојбата е практично иста како и на границата со Босна и Херцеговина, бидејќи цената на дизелот е околу 110 динари или нешто помалку од едно евро.

Меѓу граѓаните на Врање има и такви кои редовно одат на места во близина на Куманово, во Северна Македонија, да наполнат гориво.

„Одиме неколку пати неделно. Па што да правиме кога е поевтино. Кога ќе погледнете, за литар дизел заштедувам 40 динари, не се малку пари“, вели Милан од Врање за Нова РС.

Вели дека до Куманово има околу 50 километри, но дека се исплати да се оди таму.

„Имате неколку пумпи штом ја поминете границата и верувајте сите одат таму. Се чини дека можеби немаме голема заработка со тие 50км но всушност и со нив ние сме во голем плус“ – дополнува Милан.

Законските решенија од сетот мерки што Владата ги донесе неделава, а се однесуваат на намалување на ДДВ и акциза кај основните прехранбени производи и горивата стапуваат на сила, а граѓаните може веќе да ја видат разликата во својата потрошувачка кошничка.

Цените на горивата во земјава остануваат најниски, а со тоа остануваме пример во регионот за суштински политики кои имаат за цел да го заштитат граѓанинот и тој да биде на прво место.

 

 

В. Крстевски

 

Next Post

Бектеши: Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните да пријавуваат секаков прекршок

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk