ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

March 16, 2022 14:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, со шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир и со Микела Телатин, шеф на канцеларијата на УНОПС за нашата земја, присуствуваа на настан со која се означи крајот на подготвителните работи за исполнување на сите безбедносни стандарди по што ќе започне отстранувањето на линданот од малата депонија во „ОХИС“, информираат владините служби.

Премиерот Ковачевски во обраќањето на настанот истакна дека изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии кои со децении беа складирани во кругот на „ОХИС“, кои претставуваа еколошка закана.

Ковачевски нагласи дека реализацијата на овој крупен проект се оствари во соработка на Владата на Северна Македонија со Владата на Норвешка и со две агенции на Обединетите нации, Организацијата за индустриски развој (УНИДО) и  Канцеларијата за проектни услуги (УНОПС), како и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја која издвои 2,5 милиони евра од ИПА 3 програмата конкретно за комплетирање на процесот на ре медијација на малата депонија.

„Главна цел на овие подготовки е максимална безбедност при отстранувањето на опасните хемикалии складирани повеќе десетици години во малата депонија во поранешниот индустриски комплекс „ОХИС“. На тој начин се овозможи реализацијата на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на решавањето на повеќегодишниот проблем со техничкиот отпад линдан и неговите изомери, депониран во кругот на фабриката“, потенцираше премиерот Ковачевски, и додаде дека Владата продолжува одлучно, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, да ги решава и елиминира наследените еколошки проблеми.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање информираше дека се преземени сите највисоки мерки според пропишаните стандарди за да се избегне било какво разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископа од малата депонија и дека се преземени сите мерки за максимална заштита на средината.

„Ние во Министерството за животна средина, сме особено посветени на почитување на сите еколошки и безбедносни стандарди. Од тие причини, елиминацијата на сите жешки точки на територијата на нашата земја на еколошки безбеден и соодветен начин, е високо на листата на нашите приоритети. На „ОХИС“, како жешка точка број еден во земјата, гледаме како на историски проблем на чие што решавање посветуваме многу внимание и енергија кое целосно ќе биде решено“, рече министерот Нуредини.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир, истакна задоволство што ЕУ даде свој придонес за чистење на малата депонија.

„Рехабилитацијата на локацијата на „ОХИС“ во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“ е уште еден практичен израз на нашата непоколеблива посветеност кон Европскиот зелен договор и здравствените и социо-економските придобивки што ќе ги донесе и во Северна Македонија“, рече Гир.

Next Post

Ковачевски: Северна Македонија има најниска цена на нафта и нафтени деривати

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk