Телевизијата Унгарија 24 беше мета на хакерски напад со цел ширење на руска поропаганда. На 16 март на споменатата телевизија беше објавено видео, во кое наводно, претседателот на Украина, Володомир Зеленски повикува на демилитаризација, поточно да се разоружаат војската и насалението. Исто така, во лажното видео беше посочено дека Зеленски најавува капитулација на државата.
Видето беше лажно, а истото го потврдија неколку релевантни извори. Меѓу нив ТВ Украина 24, самиот претседател Володомир Зеленски кој демантираше преку видео снимка. Кога видеото беше распространето на повеќе социјални мрежи.
„Како прв обид сакав да го вратам Донбас, но тоа не успеа. Беше само полошо. Многу полошо. Повеќе од јасно е дека нема иднина , барем нема за мене. Одлучив да се збогувам од вас. Апелирам до сите да го положите оружјето и да се вратите на вашите семејства“, наводно изјавил Зеленски во лажното видео.
И од ТВ Украина 24 веднаш потврдија дека се работи за хакерски напад.
„Ова е лага, пријатели, постојано предупредуваме за ова. Никој нема да се откаже. Особено во услови кога армијата на Руската Федерација трпи порази во битките со украинската армија“, напишаа од Тв Украина 24“ на „Телеграм“. Според телевизијата, станува збор за лажно видео, направено од руски хакери.
По објавувањето на видеото, преку нова снимка се обрати и украинскиот преседател Зеленски. Тој го оквалификува лажното видео како провокација на Руската Федерација.
И од Службата за безбедносни протоколи на „Мета“- во чија сопственост се социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, потврдија дека се работи за лажно „дип фејк“ видео кое брзо се рашило на социјалните мрежи. Раководителот за безбедносна политика во Мета, Натaниел Глејшер, на Твитер објави дека лажното видео е избришано, а најверојатно било направено со помош на т.н. „дип фејк“ технологија,, што доколку биде потврдено ќе биде првиот таков инцидент од почетокот на воените дејствија во Украина.
„Видеото се појави на компромитирана мрежна станица и се прошири низ Интернет.“ објави на Твитер, Натаниел Глејшер.
1/ Earlier today, our teams identified and removed a deepfake video claiming to show President Zelensky issuing a statement he never did. It appeared on a reportedly compromised website and then started showing across the internet.
— Nathaniel Gleicher (@ngleicher) March 16, 2022
По лажното видео со Зеленски, се појави и ново „дип фејк“ видео на рускиот претседател Владимир Путин кој наводно најавува капитулација на Русија.
Што е „дип фејк“ технологија и каде се користи?
Според описот на Википедија, дипфејкс или „порманто“ се синтетички или персонализирани снимки, во кои личноста на веќе постоечка слика или видео се заменува со друга личност. Терминот „deepfake“ е комбинација од два збора – (deep learning) длабоко учење и (fake) лажен. Длабокото учење е форма на вештачка интелигенција (artificial intelligence) АИ која користи големи збирки податоци за да се научи сам да го реши проблемот . Во случај на deepfakes, измамниците користат вештачка интелигенција за да создадат лажни видеа со вистински изглед со замена на лица во видео, пишува bgr.in.
Постојат многу примери на длабоки фејкови достапни на интернет денес. Едно од најпознатите дип фејк видеа е она во кое наводно Џон Сноу се извинува за разочарувачкиот крај на „Игра на тронови“ или видеото во кое основачот на Фејсбук, Марк Закерберг „се фали“ дека има контрола над „украдените податоци“ на милијарди луѓе.
„Дип фејк“ технологијата не е нова и се користела за манипулација во многу сфери. Досега најчесто се користелaво филмови, детска порнографија, секс скандали со познати личности, одмазднички видеа, лажни вести, измами, малтретирање и финансиска измама…
„Дипфејк“ технологијата може да се користи за правење било што, од гласовни клонови до создавање фотографии од луѓе од нула. Дипфејк аудиото се користи и за да се направат поубедливи видеа.
За што се користат „дип фејкс“?
Deepfakes веќе се користат во индустријата за правење филмови. Се користеше за вметнување на младото лице на Харисон Форд на лицето на Хан Соло во Star wars. Но, може да се користи и за измама на луѓе и лажно претставување на политичарите. Во 2018 година, една белгиска политичка партија објави видео од Доналд Трамп во кое ја повикува Белгија да се повлече од Парискиот климатски договор. Трамп никогаш не го одржа тој говор – тоа беше длабок фејк.
Истата година, Џордан Пил соработуваше со Buzzfeed за да создаде длабок фејк на поранешниот американски претседател Барак Обама во гласот на Пил за да ја подигне свеста за длабоките фејкови, пренесува bgr.in.
Иако ова се релативно безопасни употреби, лажните „дип фејк“ видеа како тоа со украинскиот претседател Зеленкси можат да соборат влади и да предизвикаат војни.
Како да забележите „длабоки фејкови“?
Полесно се забележуваат дипфејк видеа со слаб квалитет. Во лажните видеа ќе забележите неприродно трепкање, лошо синхронизирање на усните, проблеми со косата, кожата или лицето или замаглување по линијата каде што е вметната сликата, пишува bgr.in.
Технолошките компании Мета, Мајкрософт, Гугл и Твитер исто така користат алгоритми засновани на вештачка интелигенција за воочување на фалсификати.
И. Т. Зафировска