Научниците ги снимија досега најдобрите снимки на гигантски и необјаснети прстени во вселената познати како „Чудни радио кругови (ORCs)“, кои се протегаат на неверојатни растојанија од милион светлосни години и опкружуваат цели галаксии, пишува Вајс.
Бизарните блескави кругови ги збунија астрономите откако за прв пат беа откриени во 2020 година со ултра чувствителен радио телескоп наречен „Australian Square Kilometre Array Pathfinder (ASKAP)“. Вкупно пет „ORC“ беа забележани во текот на изминатите две години, од кои секоја се протега на стотици илјади светлосни години, што сугерира дека тие можеби се остатоци од екстремни експлозии генерирани од галаксии лоцирани во нивните центри, иако природата на таквите ерупции не е добро разбрана.
„ОRC лежи во преголема густина на галаксии со неколку блиски придружници кои лежат во сферата на ОRC, а во иднина ќе истражуваме дали тие се одговорни за лаците на радио континуум емисија видени во ORC“, велат истражувачите.