пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Се трудев да стојам настрана од барањата да не им се префрла на позерите, манекените, скотовите и платениците кои гледаат со симпатии на инвазијата на кремлинскиот кретенизам врз Украина затоа што мене и тие како мене не немало со осуди на западните агресии, но, еве, сепак, решив да кажам два-три збора.
Кога јас мавав со јајца по американската амбасада на Зрињевац во Загреб и кршев глава во брканиците со полицијата по повод Виетнамската војна, најголем дел од денешниве паликуќи и ситни скотчиња, смрдливи говњари, не беа ниту родени. Кога во Основното училиште “Гоце Делчев” во Свети Николе собирав помош за антиимперијалистичката, антиколонијална и ослободителна војна во Алжир, уште поголем број смрдежи не беа зачекориле со своето отровно присуство на земјината топка. И кога навивавме за Дубчек и кога ја осудувавме инвазијата на Варшавскиот пакт односно на Русија врз Чехословачка. И кога протестиравме против режимот на Јан Смит во Родезија и против режимот на апартхејдот во Јужноафриканската република. И кога цела Африка ја поддржувавме во борбата против западниот колонијализам. И кога демонстриравме против пучот против Аљенде во Чиле. Ја подржавме борбата на сириската опозиција против приватната држава на еден скот и инвазијата врз Ирак против еден друг идиот. Дозволувам дека ефектите на некои западни интервенции беа лоши, како во Либија да речеме, но не постои морално, политичко, геополитичко, никакво, врзување кое може да ни сугерира дека симпатизерите на агресијата врз Украина не се луди или поткупени. Тие се од истиот антикултурен круг со оние кои викаат “само мртов Шиптар е добар Шиптар”, тие викаат и “само мртов Украинец е добар Украинец”, но главниот повик им е “само мртов Македонец е добар Македонец ако не е вмровец” хахаха, макар што сите знаат дека нивната мртвоќа е без конкуренција во одност на лепотата и доброќата на животот на земјината топка, во Северна Македонија посебно.
Ние сме воспитани и култивирани, нашиот вредносен систем е против насилството.
Тхе Енд.