Нема поддршка од Градот Скопје за редовниот проект, бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, Шарено лето, кој постои од 2017 година, напишта пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова на Фејсбук. Таа додаде дека стотици деца го доживеале својот прв летен одмор. Во изјава за Фронтлајн, Арнаудова вели дека не осудува никој за ваквата одлука, но сепак, за конретниот случај, вели дека донел одлични резултати кај дечиња во социјален ризик кај дечиња – жртви на булинг.
„Видете, тие имаат секакво право да не одобрат проект. И не ги осудувам заради тоа. Како здружение сме биле одбиени многу пати од разни конкурси. Но во конкретниов случај се работи за докажан и уникатен проект кој носи многу добри резултати кај децата во социјален ризик и кај децата жртви на булинг (тоа се децата кои учествуваат на кампот) од аспект на социјализација на тие деца, рушење на предрасуди кои ги имаат, прифаќање од општеството каде често се отфрлени…“, вели Арнаудова за Фронтлајн.
Според Арнаудова, одлуката е чудна и дискутабилна, зошто токму овој проект донел многу радост и задоволство кај многу дечиња.
„Одлуката ми беше чудна и дискутабилна. Особено заради тоа што Проект Среќа е македонско здружение, кое е релевантно и зад себе во 6 години, колку што постоиме, имаме успешна реализација на 30-ина проекти, кои јавноста добро ги знае и ги поддржува. Исто така, ние не сме голема организација која добива средства од надвор од земјава и од многу извори, па сметам дека комисијата требало да го има тоа во предвид, вели Арнаудова.
Според неа, треба да се поддржат македонски здруженија кои се борат во ова тешко време.
Таа претходно на Фејсбук ја разбранува јавноста со објавата во којашто напиша дека ќе дасе сè од себе да се одржи овој кампот.
„Мандатите поминуваат, а ние остануваме. Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би ѝ препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца“, напиша Арнаудова на ФБ.
Таа на крајот објавтата повика, секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете, може да и пише или да се обрати до здружението Проект Среќа.
И. Т. Зафировска