РИБАРО
Како сум се заебал со селфито со Орбан, просто не ми се верува што направив. Ама еуфорија, нели Орбан, нашиот ментор и политичка икона што ни го спастри Грујо, што ни финансира пропагандни медиуми, што ме држи во живот, просто те обзема кога си во негово присуство, рекол Мицко после враќањето од Будимпешта, пренесуваат за АХА, извори од белата палата.
Ѕвони му на Божиновски, мора да покриеме срам, да одвлечеме внимание. Нека штелне анкета набрзина, ѝ наредил Мицко на секретарката.
Мицко: Ало, Владе, ми тербаш друже. Мавај анкета каде ќе се каже дека имам двојно поголема поддршка, дека сме неприкосновени, дека шо знам треба да ме крунисаат за цар, дека Македонија нема друг спас освен ние да сме на власт. Ајде, знаеш ти тоа да го пицнеш добро, за да го лапнат медиумиве.
Божиновски: Мицко, а бе не е проблем тоа, знаеш ти, ама некако да нè претераме со тоа двојното, ќе ни се смеат. Нè прочитаа веќе. Да нè направиме уште повеќе да нè сеират. Јес да нашиве ќе го плеснат. а и повеќето од другиве медиуми се недоветни и голтаат што ќе им сервираме беспоговорно, ама не се дотолку глупи да поверуваат дека…
Мицко: Ма мавај анкета кога ти велам, нели гледаш одма лапаат пропаганда. Тоа на моќ се пали. Тоа сака цврста рака, да го плескаш, да го храниш со страв. Ќе ги запнеме и клукајдрвците од социјалните мрежи, ќе биде весело.
Божиновски: Во Будимпешта што се деси шефе?
Мицко: Остај не ме прашувај, има да го кркам од шефот. Не знам каде ми беше паметот.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK