РИБАРО
Она што не се гледа на селфито кое го лиферуваше Мицкоски на Фејсбук, на кое се гледа како тој со една полузадоволна насмевка се кекерави до Орбан, е тоа за што Александар Николовски проговори за АХА.
Николовски во изјава која ни ја даде во доверба само за АХА, вели дека на средбите во Будимпешта имало мачни сцени за гледање, кои во јавноста не се прикажани.
Се разбира дека изборите во Унгарија беа само фасада за да се сретнеме јас и Мицкоски со Груевски, за понатамошни инструкции и чуда, вели Николовски за АХА, но она што мене ме изненади, се апетитите на Мицкоски кои пораснаа месециве наназад, а се манифестираа баш на средбите со Орбан, истакна Николовски.
Имено, Мицкоски и Груевски, според зборовите на Николовски, буквално се тепале кој да застане до Орбан на фото-сесиите.
– Тргни се ма понатака да застанам од оваа страна, отпрвин молежливо барал Мицкоски од Груевски.
Потоа сето тоа прераснало во една општа тепачка во која теретанецот Мицко надвладеал над боксерот Грујо и се изборил за пол-позиција на селфито.
Интервенирало и обезбедувањето на Орбан, по што Грујо, како одомаќинет будимпештанец, се повлекол во позадина.
А зошто вас ве нема на селфито господине Николовски?, праша АХА.
Е, тоа е причината поради која и ви ја раскажувам целава случка. Мене сакаат да ме маринализираат како втора постава, ама неќе мочи. Борбата за тронот во белата палата допрва почнува, ни одговори во доверба Николовски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK