ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потребно е брзо, но не и избрзано решение со Бугарија, тајни разговори нема, вели Ковачевски

April 7, 2022 13:09
in Uncategorized, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека од секогаш се залагал да има брзо решение со Бугарија, но, како што нагласува, не избрзано. Во моментов се разговара, но заемно прифатливо решение, посочува, се уште нема. 

–Јас никогаш не се врзував со датуми. Секогаш кажував дека нам ни треба брзо, но не избрзано решение. Министерствата за надворешни работи на двете земји работат на политичките прашања. Тие политички прашања ги разговараат на средби според стандардите на меѓународните односи. Во моментов се работи на размена на идеи по однос на отворените политички прашања, а штом ќе има документ или решение што е прифатливо за двете страни тогаш тоа ќе биде соопштено како на институциите во Бугарија согласно нивните законски постапки така и кај нас согласно нашето уредување и нашите закони. Во овој момент такво заемно прифатливо решение не постои, истакна премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Тој нагласи дека нема некакви тајни преговори или разговори за ова прашање и оти се за што се разговара е веќе познато.

– Знаете дека со Бугарија имаме односи кои се базираат на искрена комуникација помеѓу двете влади, помеѓу двата премиери. Веќе работат работни групи со конкретни резултати во делот на економијата, инфраструктурата, во делот на образованието, културата и европските интеграции. Ние веќе имаме врз основа на работата на тие работни групи потпишано голем број на меморандуми, имаме и конкретни чекори направено во различни области, истакна Ковачевски.

Премиерот одговараше и на прашање во однос на информацијата за тоа дека постојат поединци кои работат во државните институции и кои практично работеле да не се постигне договор помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и притоа истакна дека случајот ќе се процесуира согласно процедурите. 

-Таа информација ја имавме веќе првиот ден министерот за надворешни работи и јас. Тоа нормално дека во рамките на МНР ќе се процесуира согласно процедурите до соодветните служби, меѓутоа јас не можам да кажам повеќе бидејќи се работи за класифицирани информации, рече Ковачевски по посетата на реновираниот оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести./MИА/. 

Next Post

Ковачевски: Платите во образованието се зголемени за 21%, дијалогот со синдикатите продолжува и решение ќе има

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk