ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Град Скопје не го поддржува и единствениот фестивал за феминизам „Прво па женско“

April 8, 2022 14:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје повторно не подржува манифестација која има долгогодишна традиција на одржување. Овој пат тоа е единствениот фестивал за феминизам и феминистичка култура во Северна Македонија, „Прво па женско“.

„Крајно сме разочарани од одлуката на Град Скопје да не ја поддржи овогодинешната музичка програма на единствениот фестивал за феминизам и феминистичка култура во Северна Македонија, „Прво па женско“, наведуваат „Tiiiit.inc“ во објавата на Фејсбук.

Оттаму истакнуваат дека оваа година ППЖ го слави своето јубилејно десетто издание, па затоа, како што нагласуваат, се потрудиле и програмата на фестивалот да ја отсликува оваа децениска заложба за отворање и одржување на овој феминистички простор во нашиот град.

Третото издание на ППЖ во 2015 година во Младински Културен Центар – музичка група Палиндром

„За жал, добивме само штуро известување по мејл за ваквата одлука, без никакво подетално образложение или решение, кое би ни овозможило да ја обжалиме ваквата одлука на Град Скопје. Затоа се одлучивме вака јавно да побараме објаснување од надлежните и соодветно да реагираме на тоа. Се надеваме дека Одделението за култура при Град Скопје ќе се одважи и ќе ни одговори на овој јавен приговор, затоа што во моментот организацијата Тиииит! Инк. е лишена од секаков друг вид на простор за приговор и објаснување.“, наведуваат од „Прво па женско“

Пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова, пред скоро време објави дека бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, Шарено лето, кој постои од 2017 година, и каде стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, оваа година за прв пат не е поддржан од Град Скопје. Неговото оддржување за првпат е неизвесно, напиша Арнаудова.

Таа во изјава за Фронтлајн истакна дека стотици деца го доживеале својот прв летен одмор преку кампот „„Шарено лето“. Арнаудова рече дека не осудува никој за ваквата одлука, но сепак, за конретниот случај, вели дека донел одлични резултати кај дечиња во социјален ризик кај дечиња – жртви на булинг.

„Видете, тие имаат секакво право да не одобрат проект. И не ги осудувам заради тоа. Како здружение сме биле одбиени многу пати од разни конкурси. Но во конкретниов случај се работи за докажан и уникатен проект кој носи многу добри резултати кај децата во социјален ризик и кај децата жртви на булинг (тоа се децата кои учествуваат на кампот) од аспект на социјализација на тие деца, рушење на предрасуди кои ги имаат, прифаќање од општеството каде често се отфрлени…“, вели Арнаудова за Фронтлајн.

Според Арнаудова, одлуката е чудна и дискутабилна, зошто токму овој проект донел многу радост и задоволство кај многу дечиња.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

ССМ: На 1 Мај протест за линеарно зголемување на сите плати од 2.806 денари

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk