На 7 април Генералштабот на на Војската на Украина објави на социјалните мрежи фотографии од руското БМД-3 (борбено возило на воздухопловните десантни единици), кое потона со својот екипаж некаде во Запорожје. Фотографијата ја направија војници од 72. Посебна Механизована Бригада со назив “Црни Козаци“.
„Еве какви се последиците од пиење алкохол. Екипажот на рускиот БМД-3 одлучил дека тие управуваат со „руски воен брод“. Резултатот можете да го видите сами“, се вели во пораката.
Ова не е прв пат природата да ја брани Украина. Потсетуваме дека во областа Каланчак во областа Херсон се урна уште еден непријателски ловец. Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на очевидци, овој пат воениот авион на окупаторот бил „соборен“ од јато диви гуски. Можно е тоа да се случило и под други услови, но шегите на Украинците не можат да се сопрат.
На социјалните мрежи се појави и видео кое јасно ја покажува моралната и психолошката состојба на руската војска по катастрофалниот неуспех на „Блицкригот на Путин“ во Украина – исплашен руски окупатор се обидел да побегне од украинскиот дрон.
превод: Жорж Димовски