Во регионот на Одеса е воведен полициски час, кој почнува утре во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот наутро в понеделник, соопшти денеска Градскиот совет на Одеса, јавува МИА.
Според наредбата на началникот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, во тој период ќе биде забрането луѓето да бидат на улиците и на други јавни места без посебно издадени пропусници и сертификати.
Одеса е град на брегот на Црното Море во јужниот дел на Украина.