ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Руските окупатори силуваат малолетни девојчиња, деца, па дури и бебе (ВИДЕО)

April 12, 2022 15:59
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во Украина веќе се регистрирани стотици случаи на силување извршени од руски војници, вклучително и врз малолетни девојчиња, деца, па дури и врз бебе,  изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот говор во Парламентот на Република Литванија, јавува дописникот на Укринформ.

„Во ослободените области на Украина, продолжува работата на евидентирање и истрага на воените злосторства извршени од Руската Федерација. Речиси секој ден се наоѓаат нови масовни гробници. Се собираат докази. Илјадници и илјадници жртви. Стотици случаи на брутално мачење. Во шахтите и подрумите сè уште се наоѓаат човечки трупови. Врзани, осакатени тела. Има села – некогаш прилично големи, кои останале речиси без жители. Стотици деца се сирачиња. Односно, најмалку стотици деца, бидејќи се уште не ја знаеме точната бројка на жртви. Евидентирани се стотици случаи на силување, меѓу кои и малолетни девојчиња, многу мали деца… Па дури и бебе! Едноставно е страшно да се зборува за тоа сега. Но, вистина е, тоа се случи“, изјави Зеленски.

Според неговите зборови, идентификувано е лицето кое го извршило тоа злосторство над бебето. Тоа е рускиот војник Бичков од Псков, падобранец или специјалец. Тој дури им испратил и видео на своите другари, на кое е прикажано како го мачи бебето.

„Ова е руската војска. „Бранител“ на децата. Ова е „специјална операција“ планирана во Москва. Ова е приказна за борбата за „рускиот свет“. Со тоа сега ќе се поврзуваат руската армија и руските падобранци. Од Псков. Силување на бебе“, истакна претседателот на Украина.

Според Зеленски, руските пропагандисти сигурно веќе почнале да го оправдуваат ова. Веројатно велат, како и секогаш, дека тоа не се случило, или дури и да се случило, тоа е заштита на заедницата што зборува руски.

Претседателот на Украина нагласи дека за ова злосторство и за секое такво злосторство ќе одговараат и руските пропагандисти, како и оние кои образувале такви падобранци од Псков и оние кои одбиваат да ја отстранат руската пропаганда од телевизиската мрежа во Европа.

„И се прашувам како сега министерот за одбрана на Руската Федерација и другите автори на оваа „специјална операција“ ги оценуваат нејзините резултати? По ваквите злосторства. По ваквиот „подвиг“ на рускиот војник Бичков? Можеби рускиот министер за одбрана ќе покани такви падобранци од Псков во својот дом за да ги заштити своите деца и внуци? Или министерот не би го сакал тоа? Сигурен сум дека ќе се исплаши“, рече Зеленски.

Претседателот Зеленски им се заблагодари на литванскиот народ,, на литванското раководството, зашто први се откажаа од руската енергија сега кога е навистина потребно. Се заблагодари на претседателот Гитанас, за важната одлука први да пружат вистинска помош, и да  дадате оружје. Стингери и повеќе. Тоа беше историска манифестација на лидерство. На крајот на краиштата, литванскиот народ, како никој друг, разбира како окупаторите можат да ја уништат слободата и по која цена тогаш се обновува независноста, што вие го направивте за пример. Токму такво водство сега му треба на целиот континент.

Д.Мишев/ЦИВИЛ

Next Post

Американците решија да и предадат на Украина оружје што е на работ на фантазија

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk