ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Социјалната реформа дава видливи резултати, обезбедуваме современи и поквалитетни услуги за сите граѓани

April 26, 2022 13:44
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Скопје и еден од малите групни домови кои се воспоставија со трансформацијата на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Во изјава за медиумите таа потенцираше дека, грижата за сите граѓани, обезбедувањето на можности за напредок на секој поединец во општеството е приоритет, но и сериозна одговорност на секоја Влада. Како и дека нејзината успешност се огледа во испораката на видливи резултати, од кои придобивки имаат граѓаните.

Таа истакна дека во фокусот на работењето на Министерството за труд и социјална политика се ранливите категории на граѓани. И затоа изминативе години, министерството посветено работи на решавање на предизвиците со кои се соочуваат овие граѓани.

Министерката информираше дека Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, сместен во поранешниот Дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје, е прв кој се отвори во државата минатата година и во моментов  обезбедува социјални услуги за 156 згрижувачки семејства, кои имаат згрижено околу 248 деца.

„Неговата цел е да ги поддржува, да им помага и да ги насочува згрижувачките семејства да обезбедат токму онаква грижа каква што му е потребна на детето сместено кај нив, а е најблиска на семејната средина. Покрај поддршката на постоечките згрижувачки семејства, овој центар од отворањето досега, има развиено 12 нови згрижувачки семејства, преку проценка на подобноста за потенцијално згрижувачко семејство, “рече Тренчевска.

Заедно со Центарот во Битола и новоотворениот центар во СОС Детско село ја обезбедуваат услугата на вонсемејна заштита за околу 300 згрижувачки семејства и опфат на околу 500 деца, на ниво на држава.

Во 2018 година, преку трансформацијата на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје децата сместени во оваа установа, се преселија во мали групни домови, во заедницата.

Министерката Тренчевска  денеска посети и еден од малите групни домови, во кои се сместени 6 деца, кои заедно живеат веќе четврта година. За нив е обезбедена 24 часовна поддршка од стручен тим, кој им помага во секојдневните обврски.

„Живеењето на децата без родители и родителска грижа во нова форма на живеење во средина најслична на семејната, донесе значајни промени во квалитетот на живот на овие деца, што е видливо по секојдневните резултати и успеси кои тие ги постигнуваат и по ништо не се разликуваат од останатите деца,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека покрај обезбедувањето на подобра грижа за ранливите категории, преку воспоставување на нови социјални услуги, сериозно се работи и на зајакнување на компетенциите на стручните кадри кои ги даваат овие услуги. Како и обезбедување на раст на платите на воспитно згрижувачкиот кадар кои од 2017 година наваму во континуитет растат.  Покрај исплатата на платата од 2019 година се исплаќа и надомест за сменско работење, ноќна работа и работа во недела.

„Како Влада и Министерство остануваме посветени на концептот едно општество за сите. Затоа што успешноста на едно општество е видлива кога системот ги опфаќа сите граѓани. Се грижи за достапноста на поддршката за оние на кои им е потребна, но се грижи и за оние граѓани кои со својата професија се даватели на таа поддршка“, рече Тренчевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk